Откриен нов револуционерен начин за лекување на дијабетот | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ЕНДОКРИНОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Откриен нов револуционерен начин за лекување на дијабетот

Научниците од Медицинската Школа Јеил изјавија дека можеби еден ден контролирањето на дијабетесот ќе се базира врз новата терапија која сеуште се испитува, а тоа е користење на матични клетки од епителот на утерусот, односно матката од женските генитални органи. Тимот успеал да го лекува дијабетесот кај лабораториски глувци преку претворање на матичните клетки од утерусот во клетки кои што создаваат инсулин.







Ендометриумот на матката е богат извор на зрели матични клетки. Овие клетки секој месец создаваат ново утерино ткиво, како дел од менструалниот циклус. Како останатите матични клетки, тие можат да се поделат и да формираат други видови специјализирани клетки.



Откритието на тимот истражувачи од Јеил посочува на тоа дека ендометријалните матични клетки можат да се користат за развивање на специјализираните панкреасни клетки кои продуцираат инсулин. Овие клетки понатаму може да се користат и за трансплантација на панкреасни островца кај луѓето со дијабетес.



Предводени од Професорот Хју Тејлор од Јеил, истражувачите ги потопиле ендометријалните матични клетки во култури кои содржат специјални хранливи материи и фактори за раст. Како одговор на овие супстанции, ендометријалните матични клетки ги присвоиле карактеристиките на бета-клетките на панкреасот, кој всушност го создаваат инсулинот. По три неделна инкубација, ендометријалните матични клетки ја стекнале формата на бета-клетките и започнале да создаваат протеини, типични за панкреатичните бета клетки. Некои од овие новосоздадени клетки, исто така, започнале да создаваат инсулин.



После оброкот, телото започнува да ја вари храната, преку разложување на сложените материи во попрости, како што е гликозата, која што понатаму циркулира преку крвотокот. Како одговор на ова, бета-клетките ослободуваат инсулин, кој им овозможува на сите телесни клетки да ја превземат циркулирачката гликоза.



Во новата студија, Др. Тејлор и неговиот тим ги изложиле зрелите матични клетки на гликоза, и отриле дека новосоздадените клетки одговориле на ова со создавање на инсулин. Тимот на истражувачи потоа ги инјектирал дијабетичните лабораториски глувци со зрелите, новосоздадени клетки кои создаваат инсулин.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER