Парализа на гласните жици | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Парализа на гласните жици

Автор: Др. Панче Здравковски



Парализата на гласните жици се јавува кога се прекинати нервните импулси кои ја инервираат вокалната кутија (ларинксот). Ова резултира со парализа на мускулите на гласните жици. Оваа состојба може да го афектира говорот, па дури и дишењето. Тоа е поради фактот што гласните жици, освен што служат за произведување на глас, го спречуваат навлегувањето на храна, вода и плунка во дишникот.







Постојат бројни причини кои предизвикуваат парализа на гласните жици, вклучувајќи оштетување на нервите за време на операција или при одредени тумори кои вршат притисок на самите нерви. Парализата на гласни жици може да има и вирусна или невролошка етиологија (потекло).



Симптоми



Гласните жици се две флексибилни траки од мускулно ткиво, кои се наоѓаат на влезот од дишникот (трахеата). Кога зборуваме, тие траки вибрираат и го создаваат гласот. За време на одмор, кога не зборуваме, гласните жици се релаксирани, во отворена позиција, која овозможува непречено дишење.



Во повеќето случаи на парализа на гласни жици, парализата е само на гласните жици. Ако се зафатени двете гласни жици, се очекуваат вокални потешкотии, како и значителни проблеми со дишењето и голтањето.



Знаците и симптомите на парализа на гласни жици вклучуваат:



- промена на квалитетот на глас

- засипнатост

- дишење на нос

- задавување или кашлање при голтање на храна, течност или плунка

- потреба за чести дишни паузи при зборување

- неможност за гласно говорење

- губиток на рефлексот за повраќање

- неефикасно кашлање



Причини



Кај парализата на гласни жици, нервните импулси кои ја инервираат вокалната кутија (ларинксот) се прекинати, што резултира со парализа на мускулите. Најчестите причини за оваа состојба се:



- Повреда на гласните жици за време на операција. Хируршките процедури на или во близина на вратот или горниот дел од градниот кош, може да резултираат со оштетување на нервите кои ја инервираат вокалната кутија. Процедурите кај кои ризикот од повреда е најголем, вклучуваат операции на тироидната и паратироидните жлезди, хранопроводот, вратот и градниот кош.



- Вратна или градна повреда. Траума на вратот или градниот кош може да предизвика повреда на нервите кои ги инервираат гласните жици или на целата вокална кутија.



- Мозочен удар. Мозочниот удар може да го прекине крвоснабдувањето на деловите од мозокот кои ги праќаат нервните импулси до ларинксот.



- Тумори. Туморите, бенигни и малигни, со нивниот раст, може да извршат притисок и прекин на инервацијата во подрачјето на гласните жици.



- Воспаление. Артритис или оперативен зафат може да предизвикаат воспаление или создавање на лузни на местото каде се спојуваат гласните жици или во просторот помеѓу ‘рскавицата на гласните жици, и ова воспаление може да го спречи нивното отворање и затворање. Симптомите на ова пореметување наликуваат на парализата на гласните жици, но овде инервацијата останува нормална.



- Невролошки состојби. Одредени невролошки состојби, како што се мултипна склероза или Паркинсонова болст, може да предизвикаат парализа на гласните жици.



Ризик фактори



Факторите кои може да го зголемат ризикот за развој на парализа на гласните жици вклучуваат:



- Женски пол. Жените почесто ја развиваат оваа состојба.



- Операција на грло или граден кош. Луѓето кај кои треба да се изврши хируршка процедура на тироидната жлезда, грлото или горниот дел од градниот кош, имаат зголемен ризик оштетување на нервите кои ги инервираат гласните жици. Понекогаш, тоа оштетување може да го предизвика тубата која се внесува во дишникот за време на операцијата.



- Невролошки заболувања. Луѓето со одредени невролошки состојби, како што е Паркинсоновата болест, мултипна склероза или мијастенија гравис, се склони кон ослабување или парализа на гласните жици.



Компликации



Проблемите со дишењето асоцирани со парализа на гласните жици може да бидат благи, од типот на заспнување на гласот, или пак да бидат сериозни и опасни по животот на пациентот. Поради фактот што парализата го спречува комплетното отворање или затворање на гласните жици, може да се случи и задавување или аспирирање на храна или течности во дишникот, и консеквентно задушување. Аспирацијата која предизвикува тешка пневмонија е една од посериозните компликации и бара итен медицински третман.



Дијагноза



Тестовите кои може да ја потврдат парализата на гласните жици вклучуваат:



- Ендоскопија. Лекарот-специјалист ќе ги прегледа гласните жици со користење на тенка, флексибилна туба (ендоскоп). Освен ова, може да се изврши и видео-строболарингоскопија, која се состои од мала камера која се внесува во вокалната кутија. Камерата е поврзана со надворешен екран, и дава детална визуелизација за состојбата на гласните жици.



- Ларингеална електромиографија. Со овој тест се мерат електричните потенцијали на мускулите на вокалната кутија (ларинкс), а со тоа се детерминира степенот на проблем, и во зависност од резултатите, кој третман ќе биде најефикасен. За да се направи тоа, специјалистот внесува мали игли во мускулите на гласните жици преку кожата од вратот.



- Крвни тестови и скенови. Поради големиот спектар на болести и состојби кои може да предизвикаат оштетување на нервите, потребно е да се направат крвни проби, тестови за белодробна функција, РТГ снимање, магнетна резонанца, како и компјутеризирана томографија.



Лекување



Третманот на парализата на гласни жици зависи од причината, тежината на симптомите и времето на започнување на симптомите. Лекувањето вклучува вокална терапија, операција или и двете. Во некои случаи, резултатите се подобри без хируршки третман. Поради оваа причина, лекарот може да ја одложи операцијата за шест месеци до една година од почетокот на парализата на гласните жици. За време на тој период, лекарот може да сугерира вокална терапија за да се спречи неправилното користење на гласот, додека нервите закрепнат.



Вокална терапија



Сесиите на вокална терапија вклучуваат вежби или други активности за зајакнување на гласните жици, подобрување на дишната контрола за време на говорење, спречување на абнормални тензии на мускулите кои се наоѓаат во близина на парализираните гласни жици и заштита на дишникот за време на голтање.



Операција



Доколку симптомите на парализираните гласни жици не се повлечат комплетно, хируршките третмани може да понудат подобрување на говорот и голтањето. Хируршките опции вклучуваат:



- Специјални инјекции. Лекарот-специјалист (оториноларинголог) инјектира супстанца, како што е масно ткиво, колаген или друг филер за да се овозможи доближување на афектираната гласна жица поблиску до средината на ларингеалната кутија, така што спротивната гласна жица би направила поблизок контакт со парализираната, и би се олеснило говорењето, голтањето и кашлањето.



- Репозиција на гласна жица. Во оваа процедура, хирургот ја поместува парализиранта гласна жица кон средината, за да се овозможи поблизок контакт со здравата гласна жица.



- Трахеотомија. Доколку двете гласни жици се парализирани и се премногу доближани, протокот на воздух ќе биде значително намален. Во оваа ситуација, потребно е да се изврши хируршката процедура, наречена трахеотомија. За оваа цел, се прави засек на предната страна на вратот, и преку отворот се внесува дишна туба во дишникот (трахеата), која го премостува протокот на воздух преку парализираните гласни жици.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER