Перименопауза | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Перименопауза

Автор: Др. Панче Здравковски



Перименопауза, исто така наречена и менопаузална транзиција, е интервалот кај женското тело, во кое тоа прави природна замена од нерегуларните циклуси во перманентна неплодност, или менопауза.







Жените ја започнуваат периоменопаузата на различна возраст. Во 40тите, па дури и во 30тите години, некои жени може да ги забележат првите знаци на перименопаузата. Менструалниот циклус може да стане нерегуларен – продолжен, скратен, пообилен, пооскуден. Исто така, може да се почувствуваат симптоми на менопауза, како што се топли бранови, проблеми со спиењето и вагинална сувост. Кога ќе се поминат 12 последователни месеци без ментруален период, жената официјално ја достигнува менопаузата, а перименопаузалниот период е завршен.



Симптоми



За време на перименопаузалниот период се случуваат некои суптилни, како и некои не толку суптилни промени. Тука се вклучуваат:



- Менструална нерегуларност. Како што овулацијата станува се поретка, интервалите помеѓу менструалните циклуси може да бидат подолги или пократки, менструацијата може да биде обилна или оскудна. Раната перименопауза се дефинира како промена во должината на менструалниот циклус, повеќе од седум дена. Доцната перименопауза, пак, се карактеризира со два или повеќе пропуштени циклуси и интервал од 60 дена помеѓу два циклуса.



- Топли бранови и проблеми со спиење. Околу 65-75% од жените ги имаат топлите бранови, кои се многу почести во доцната перименопауза. Интензитетот, времетраењето и френквентноста варираат. Проблемите со спиењето се најчесто поради топлите бранови или поради ноќното потење, но понекогаш спиењето е нарушено и без присуство на тие симптоми.



- Промени во расположението. Некои жени имаат промени во расположението, иритабилност или зголемен ризик од депресија за време на перименопаузата, но причината за овие симптоми може да биде нарушеното спиење предизвикано од топлите бранови. Промените во расположението можат исто така, да бидат предизвикани од фактори кои не се поврзани со хормоналните промени за време на перименопаузата.



- Вагинални проблеми и проблеми со мочниот меур. Кога нивото на естроген опаѓа, вагиналното ткиво може да ја изгуби лубрикацијата (навлажнувањето) и еластицитетот, предизвикувајќи диспареунија (болен сексуален однос). Ниското ниво на естроген може да ја направи жената посклона кон уринарни и вагинални инфекции. Губењето на ткивниот тонус, може да доведе и до уринарна инконтиненција (неволно уринирање).



- Намалена плодност. Кога овулацијата станува нерегуларна, можноста за оплодување опаѓа. Сепак, се додека постои менструален циклус, жената има шанси да забремени. Ако жената сака да ја одбегне бременоста, треба да пие контрацептивни средства се додека не постигне 12 месечен период без менструација.



- Промени во сексуалната функција. За време на перименопаузата, сексуалната стимулација и потреба може да се промени. Но, за повеќето жени кои имаат редовни сексуални односи пред менопаузата, тоа може да продолжи и за време на перименопаузата.



- Губење на коскеното ткиво. Кога нивото на естроген значително се намалува, жената почнува да го губи коскеното ткиво, многу побрзо отколку тоа се создава, а тоа доведува до остеопороза.



- Промени во нивото на холестерол. Намаленото ниво на естроген може да донесе непосакувани промени во крвта, а тоа се промени на нивото на холестерол, вклучувајќи го и ЛДЛ (лошиот) холестерол, кој може да доведе до зголемен ризик од кардиоваскуларно заболување. Во исто време, ХДЛ (добриот) холестерол опаѓа, што исто така го зголемува ризикот од срцеви заболувања.



Причини



За време на менопаузалната транзиција, продукцијата на естроген и прогестерон во телото варира. Овие хормонални флуктуации се основата на промените во телото кое поминува низ перименопаузалниот период.



Ризик фактори



Менопаузата е нормална фаза од животот на жената. Но, кај некои жени таа се јавува порано. Иако недоволно потврдени, некои докази сугерираат на тоа дека одредени фактори ја предиспонираат жената да влезе во перименопауза на помлада возраст, а во нив спаѓаат:



- Пушење. Жените кои пушат цигари ја забрзуваат појавата на првите перименопаузални знаци, споредени со жените кои не пушат.



- Фамилијарна историја. Жените тежнеат да влезат во менопауза на слична возраст како нивните мајки или сестри, иако оваа поврзаност не е сосема докажана.



- Нулипари. Овој термин ги опишува жените кои никогаш не родиле бебе. Некои студии покажуваат дека овие жени имаат поголем ризик од рана појава на перименопауза.



- Хистеректомија. Хистеректомијата е отстранување на матката, но не и на јајниците, и таа обично не предизвикува менопауза. Иако жената повеќе нема месечни циклуси, јајниците сеуште произведуваат естроген. Но, овој тип на интервенција може да ја зголеми можноста за раното јавување на перименопауза.



Компликации



Нерегуларните месечни циклуси се главно обележје на перименопаузата. Поголемиот број од нив се нормални, и жената најчесто не е загрижена. Сепак, потребно е да се посети гинеколог доколку:



- крварењето е многу обилно – жената менува тампони или влошки на секој час

- крварењето трае подолго од осум часа

- крварењето се јавува и помеѓу два циклуса

- месечните циклуси се јавуваат на помалку од 21 ден



Дијагноза



Перименопаузата е процес на постепена транзиција од плодност во неплодност. Ниту еден тест или знак не е доволен за да одреди дали жената е влезена во перименопауза. Гинекологот зема предвид повеќе работи, вклучувајќи ја возраста, менструалната историја и симптомите кои ги чувствува жената. Некои лекари препорачуваат тестирање на хормоналниот статус, но тоа е ретко потребно.



Лекување



Можните тераписки пристапи за перименопаузалниот синдром се:



- Орални контрацептиви. Овој третман е најефикасен за подобрување на перименопаузалните симптоми, иако жената нема потреба од контрацепција. Малите дози може да ги регулираат месечните циклуси, да ги намалат топлите бранови и да ја подобрат лубрикацијата на вагината.



- Прогестинска терапија. Цикличната прогестинска терапија може да ги регулира месечните циклуси. Некои жени кои имаат обилни крварења за време на перименопаузата, може да почувствуваат подобрување и од интраутерината влошка импрегнирана со прогестин.



- Еднометријална аблација. Ендометријалната аблација е процедура која може да ги подобри обилните крварења кај некои жени. За време на процедурата, еднометриумот се оштетува со помош на ласер, електрична енергија или топлина, што ефикасно го намалува ментруалното крварење. Оваа процедура не може да ја прават сите жени, затоа што носи одреден вид на компликации.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER