Перитонеална дијализа | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

НЕФРОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Перитонеална дијализа

Перитонеалната дијализа е начин на отстранување на отпадните продукти на крвта кога бубрезите веќе неможат соодветно да ја вршат таа функција. За време на перитонеалната дијализа, перитонеалните крвни садови (перитонеум – цревна покривка) ги заменуваат бубрезите, со помош на течноста (дијализат) што се влева во и надвор од перитонеалната празнина.





Перитонеалната дијализа се разликува од хемодијализата, постапка која почесто се користи за чистење на крвта. Разликата е што, перитонеалната дијализа може да се користи во домашни услови, на работа или додека се патува некаде. Исто така, може да се користат помалку лекови и да се јаде помалку рестриктивна диета отколку кај хемодијализата.



Перитонеалната дијализа не е опција за оние кои им откажува функцијата на бубрезите. Исто така, потребни се мануелни вештини или некој кој може да го прави тоа, за да се користи оваа процедура дома.



Ризици



Многумина кои се приморани да прават дијализа со соочуваат со сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи го и дијабетесот, кој ја оштетува бубрежната функција. Главните компликации на перитонеалната дијализа се:



- Инфекции – многу чест проблем на луѓето кои прават перитонеална дијализа е перитонитис, инфекција на цревната покривка, наречена перитонеум. Инфекција може да се јави и на местото каде што се става катетерот, преку кој се врши овој тип на дијализа.



- Покачување на телесна тежина – течноста која се користи за чистење на крвта во перитонеалната дијализа го содржи шеќерот декстроза. Таа може да се ресорбира во организмот и преку тоа да се внесат стотици калории дневно. Вишокот калории исто така, водат кон покачено ниво на шеќер во крвта.



- Ослабување на абдомините мускули (хернија – кила) – Притисокот кој го прави дијализатот (течноста која се внесува) со тек на време може да ги ослабне абдоминалните мускули, и да формира кила.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER