Поврзаностa меѓу хиперактивноста на мочниот меур и исхраната | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

НЕФРОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Поврзаностa меѓу хиперактивноста на мочниот меур и исхраната

Хиперактивноста на мочниот меур подразбира чести мускулни контракции во ѕидовите на мочниот меур, што доведува до зголемена потреба или итност во мокрењето. Хиперактивниот мочен меур се јавува кај секој единаесети американец, и е особено карактеристичен за луѓето над 65 година, говорат извештаите на Медицинскиот Центар Цедарс-Синаи.







Правилната диета може да биде од големо значење за лекување на хиперактивноста на мочниот меур или уринарната инконтиненција, но претходно треба да се консултирате со вашиот лекар каков тип на диета ќе одговара за вас и колку природниот пристап кон лекување, конкретно на вашиот проблем, може да биде успешен.



Хиперактивен мочен меур



Хиперактивен мочен меур е состојба која се карактеризира со ургентно мокрење, зголемена уринарна зачестеност и мокрење два или повеќе пати во текот на ноќта. Околу 60% од луѓето кои имаат хиперактивен мочен меур, имаат само зголемена уринарна итност, додека останатите 40% со оваа состојба, имаат уринарна инконтиненција, односно неволно мокрење.



Проблемот на хиперактивен мочен меур може да биде сигнал за постоење на друг здравствен проблем, како на пример намалена сексуална функција. Инфекции на уринарниот тракт, рак на мочниот меур, камења и трауматски повреди на мочниот меур се исто така можни причини за хиперактивен мочен меур.



Диета



Хиперактивниот мочен меур или нагон на инконтенција е состојба која може да биде резултат на некои промени во исхраната. Според нутриционистот Филис А. Балч, автор на книгата “Исцелителни рецепти во исхраната”, елиминирањето на одредени јадења и пијалоци во исхраната, може да биде корисно во лекување на оваа состојба.



Станува збор за исклучување на: алкохолот, чоколадото, некои безалкохолни пијалоци, кафето, преработената и рафинирана храна. Храната која содржи големи количини на цинк : јастогот, спанаќот, остригите, свинското, пилешкото, говедското месо, може да биде корисна во подобрување на функцијата на мочниот меур и во контролирање на столицата.



Препорачливи хранливи продукти



Спанаќот содржи големо количество на цинк и може да помогне во контролирање на нагонот на инконтенција. Нутриционистот и биолог Џорџ Матељан, автор на книгата “Најздравата храна на светот”, вели дека спанаќот, гледано историски се користи за бројни здравствени цели, вклучувајќи го намалувањето на воспаленијата, зголемувањето на енергијата, а исто така позитивно влијае на здравјето на срцето и мозокот.



Покрај цинкот, спанаќот содржи и бројни хранливи материи како витамини: А, Е, К и Ц, како и манган, фолна киселина и магнезиум.



Дополнителни информации



Хиперактивниот мочен меур е состојба која секогаш мора да биде контролирана од страна на лиценцирани професионалци за здравсвтена заштита. Доколку вашиот лекар ви го дијагностицира овој проблем, консултирајте го и за можните алтернативни начини на лекување.



Во повеќето случаи, оваа состојба најдобро може да биде третирана како комбинација од конвенционални алопатски третмани и комплементарни алтернативни здравствени мерки. Храната која лаички се употребува како лек на хиперактивен мочен меур, сеуште не е доволно испитана и во потполност не може да се каже дека е правилниот лек за оваа состојба.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER