Подуеност на стомакот – како да го решите проблемот? | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ГАСТРОЕНТЕРОХЕПАТОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Подуеност на стомакот – како да го решите проблемот?

Голем дел од вас го имаат проблемот со подуеност на стомакот и нелагодност. Подуеноста на стомакот може да биде симптом на повеќе патолошки состојби, но сама по себе не претставува сериозен проблем и најчесто настанува под влијание на храна или други надворешни состојби. Па ќе наброиме некои од нив...







1. Претерано внесување на сол – Претераното внесување на сол, односно на натриумот, предизвикува задржување на водата во клетките, што лесно предизвикува подуеност на стомакот и нелагодност. Таква храна е: разните видови сосови, пилешка супа, деликатес од преработено месо и сл. Важно е да се знае дека натриумот е корисен за организамот, но само во многу мали количини. Избегнувајќи ја оваа и друг вид на солена храна и така можете да допринесете за спречување на состојбата на подуеност.



2. Млечни производи – Добар дел од луѓето се преосетливи на состојките што се наоѓаат во млекото. При нелагодност во стомакот можеби прво што треба да помислите е дали сте конзумирале млечен производ. Не ретко луѓето се преосетливи на лактоза, млечен шеќер. Во таков случај можете да користите млечни производи без лактоза или да пробате да го прилагодите организамот на лактозата, што вклучува секојдневно земање по многу мали дози на лактоза т.е. млеко.



3. Газирано – овде нема што многу да се дискутира. Познато е дека газираните пијалоци се број еден во предизвикувањето на подуеност, па затоа треба или да не ги конзумирате или што помалку да ги конзумирате.



4. Стрес – Стресот е голем причинител на подуеност во стомакот. И порано сме пишувале за штетните ефекти на стресот. Желудникот е најсензитивен на стресот и секојдневните нервози, па затоа лекарите советуваат да се пие една чаша чај дневно од камилица за да се подобри состојбата.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER