Позитронско емисиона томографија (ПЕТ) скен | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Позитронско емисиона томографија (ПЕТ) скен

Дефиниција



Позитронската емисиона томографија (ПЕТ) скен претставува имиџинг процедура која што овозможува преглед на функционирањето на ткивата и органите. Со цел да се прикаже нивната активност, потребно е да се употреби мала количина на радиоактивен материјал.



Точниот тип на радиоактивниот материјал кој ќе се употреби како и методот на неговото доставување во телото, зависи од тоа кој орган или ткиво ќе биде предмет на ПЕТ скенот. Радиоактивниот материјал може да биде инјектиран преку вена, да биде вдишен или проголтан.



Поголема количина на радиоактивниот материјал се акумулира во оние области кои што имаат поголемо ниво на хемиска активност. Тоа кореспондира со областите кои што се зафатени со болеста и тие области се прикажуваат како посветли точки на ПЕТ скенот. ПЕТ скенот е корисен при евалуација на различни состојби, вклучувајќи ги невролошките проблеми, срцевите заболувања и канцерот.






Зошто се изведува?



ПЕТ скенот претставува ефективен начин за одредување на хемиската активност во одредени делови на телото, што може да помогне при детектирањето на некои абнормалности во тие делови. ПЕТ скенот најчесто се применува кај луѓето болни од рак, срцеви заболувања или мозочни пореметувања.



Рак

Клетките на ракот се покажуваат како посветли точки на ПЕТ скенот бидејќи тие имаат поголема метаболна активност за разлика од нормалните клетки. ПЕТ скенот може да биде корисен при утврдување на:



· Раширеноста на ракот

· Како ракот одговара на терапијата

· Дали ракот се повторил



ПЕТ скенот мора правилно да биде интерпретиран, поради тоа што неканцерозните состојби можат да преминат во канцер и многу типови на рак не се појавуваат на ПЕТ скенот. Типовите на рак кои што се појавуваат на ПЕТ скенот вклучуваат:



· Мозок

· Дојка

· Цервикс

· Колон

· Езофагеален

· Бели дробови

· Лимфом

· Меланом

· Панкреас

· Тироидеа



Срцеви заболувања

Докторите го користат ПЕТ скенот за да ги одредат областите кај кои што има намален проток на крв во срцето. Со тоа ќе се помогне да се утврди кои области од срцето би имале придобивка од хируршките интервенции како ангиопластија или артериски бајпас.



Мозочни пореметувања

ПЕТ скенот може да покаже кои области од мозокот имаат најголема активност за време на изведувањето на различните задачи. Со оваа технологија, исто така можат да се проценат специфичните мозочни пореметувања како што се:



· Тумори

· Пореметувања во меморијата

· Епилептични напади



Ризици



Иако при ПЕТ скенот се користи радиоактивна супстанца, количината на радијацијата на која што пациентот е изложен е премногу мала за да се нанесат последици на нормалните процеси во телото.



Но, овој радиоактивен материјал може да му нанесе штета на фетусот на бремената жена. За ризикот по фетусот и придобивките од правењето на ПЕТ скенот кај бремените жени разговарајте со Вашиот доктор.



Подготовка



ПЕТ скенот најчесто се прави без болничка хоспитализација. Докторот ќе Ви ги даде сите потребни инструкции за тоа како да се подготвите за скенот. Пред да отидете на тестот, осигурајте се дека на докторот сте му ги кажале сите лекови кои што ги пиете, вклучително и оние кои не одат на рецепт. Исто така, запознајте го докторот и со сите витамини и суплементи кои што ги употребувате. Ако земате специфични лекарства или имате одредени болести, како што е дијабетес, ќе Ви бидат доставени специфични инструкции пред скенот да започне.



Општото правило е да не се јаде ништо неколку часови пред скенот. Носете комфорна облека. Може да биде побарано да се пресоблечете во болничка наметка. Ако треба да се прегледа област од телото која што се наоѓа околу мочниот меур, можно е да се инсертира катетер во уретра со цел урината да истекува за време на скенот.



Ако сте бремени или мислите дека сте бремени, кажете му го тоа на докторот пред ПЕТ скенот. Радиоактивната супстанца која што се користи за оваа процедура може да го изложи фетусот на радијација.



Што да очекувате



ПЕТ скенерот е голема машина која што личи на “крофна“, слично како и машината за Компјутерска Томографија (КТ).



За време на тестот

Во зависност од тоа која орган се анализира, радиоактивната супстанца можете да ја вдишете, да ја проголтате или да ја примите интравенозно. Ако супстанцата се инјектира интравенозно, можете кратко да почувствувате ладно кога ќе ја придвижите раката нагоре.



Морате да почекате од 30 до 60 минути за да радиоактивната супстанца се апсорбира од страна на органот или ткивото кое што треба да се снима. Откако ќе помине времето на чекање, легнувате на подлога која што Ве внесува во отворот на ПЕТ скенерот. Тестот сам по себе е безболен, но морате да бидете многу мирни поради тоа што сликите можат да излезат нејасни. За да се заврши тестот потребни се околу 30 минути за кое време ќе слушате звуци на зуење и кликови од самиот апарат.



Ако сте клаустрофобични, може да почувствувате вознемиреност додека лежите во скенерот. Кажете му на техничарот или на сестрата за каква и да било непријатност. Може да се дадат лекови кои што ќе ве опуштат.



По тестот

По тестот, не постојат некои посебни рестрикции во нормалната секојдневна рутина. Сепак, консумирајте многу течности кои ќе помогнат во отстранувањето на радиоактивната субстанца од Вашето тело.



Резултати



Различните бои или нивоата на светло на сликите од ПЕТ скенот ги претставуваат различните нивоа на функционирањето на ткивата и органите. Специјалистот радиолог кој што има специјален тренинг за читање на ПЕТ скеновите ги интерпретира сликите.



Сликите кои што потекнуваат од други тестови, како што се оние од компјутерската томографија или магнетната резонанца може да се споредат или да се комбинираат со тие на ПЕТ скенот. Во некои болници постојат апарати кои што можат да извршат и ПЕТ и КТ скен истовремено. Комбинираните слики од двете техники овозможуваат подобра јасност при интерпретацијата на состојбата на ткивото или органот.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER