Полицистични јајници и бременост | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Полицистични јајници и бременост

Прашање: 
Здраво. Мојот проблем е од областа на гинекологијата. Имено, имам полицистични јајници, од кои што десниот јајник е повеќе полицистичен. При мојата посета на гинекологот, каде што ми беше направен и ултразвук, не беше дадена никаква терапија. Паралелно имам и примарна дисменореја која што ја лечев со Ketonal и Spazmex trospium. Дали во иднина ќе имам проблеми со забременувањето поради полицистичните јајници, бидејќи имам читано дека поголемиот број на жени кои што имаат полицистични јајници многу тешко остануваат бремени. Исто така, ќе Ве замолам да ми кажете како да ги намалм болките при менструалниот циклус, бидејќи овие лекови почнуваат да не делуваат. Благодарам!
Одговор: 
Почитувани, ПЦО синдром обично се јавува во помлада возраст и е пропратен со болки при менструација, ретки менструации (иако првите менструации можат да бидат редовни), болки, овариуми (јајници) кои што се со повеќе цисти и пореметување во хормонскиот статус. Во повеќето случаи, пациентките имаат зголемена телесна тежина и може да се појави влакнатост по телото. Јајниците се со кора која што тешко прска при овулација. Лечењето е макотрпно, во голем процент се јавува стерилитет и проблеми кои што и Вие ги имате спомнато во вашето прашање. Потребни се комплетни испитувања и терапија која што ќе биде подолготрајна. Тоа вашиот гинеколог го знае и тој треба да се погрижи за вашето здравје. Препорачливо е да земате Циклопрогинова, да ја намалите Вашата телесна тежина, доколку ја имате зголемено, а се смета дека најдобар лек е стапување во брак и останување на бремена. Тогаш, се лачат други хормони кои што го регулираат целиот циклус.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER