Пост-оргазмична депресија или депресија после секс | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Пост-оргазмична депресија или депресија после секс

Дали сте депресивни после сексот? Се чувствувате чудно, нервозно и многу непријатно. Чудно чувство на депресија ве обзема после секој оргазам? Најверојатно страдате од пост-оргазмична депресија, состојба на која денеска укажуваат многу стручњаци.







Oваа состојба сеуште не е добро дефинирана, познато е дека иако сексот се практикува како анти-стрес метода, кај некого може да даде и сосема спротивен ефект. Научниците досега многупати го докажале ова, но сепак остануваат отворени многу прашања.



Кои се симптомите на ваквата депресија?



Нaучниците предупредуваат дека симптомите на оваа депресија можат да варираат од благи до доста интензивни и сериозни. Симптомите се слични на грип, мажите почнуваат да ја чувствуваат оваа депресија триесетина минути после свршувањето, а трае од неколку часа до неколку денови. Симптомите вклучуваат, измореност, вознемиреност, болки во зглобовите, чувство на тага, анксиозност, а некогаш има и симптоми на студенило, пролив, поспаност.



Сепак научниците нагласуваат дека не секој замор е симптом на пост оргазмична депресија. Заморот после сексот е нормална и природна работа. Се јавува редовно бидејќи после оргазмот во организамот се случуваат низа реакции кои го опуштаат телото и доведуваат до поспаност.



Што може да се направи?



За жал, пост оргазмичната депресија е нов проблем во медицината и уште се проучува. Многу лекови се тестирани, но ниедни не дале резултати. Некои од нив ефикасно дејствуваат на одредени симптоми. Се што треба да се направи е да се посети лекар и да се направи консултација за понатамошниот тек на сексуалниот живот.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER