Прегорексија – да се биде фит и за време на бременоста | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ПСИХИЈАТРИЈА

                           
                           
                           
                       

Прегорексија – да се биде фит и за време на бременоста

 

Да се биде фит и за време на бременоста е реченица која непрецизно ја објаснува прегорексијата. Некои трудници се премногу окупирани со нивниот изглед за време на бременоста и веднаш по породувањетo се подложуваат на остри диети и тешки физички вежби при што не го ставаат во прашање само своето здравје туку и здравјето на новороденчето.

По предходно дефинираниот термин за анорексија, доаѓа терминот прегорексија, нов термин кој се состои од два англиски збора, pregnancy – бременост, и orexis – апетит, според лекарите една од дваесет трудници во Европа патат од ова болест.

 

Најголемиот проблем научниците го гледаат во популарните телевизиски ѕвезди кои обично се многу слаби за време на бременоста и ги потикнуваат и другите жени на интензивни диети и вежби, но разликата е во тоа што популарните ѕвезди имаат постојан експертски надзор, додека останатите жени често на своја рака превземаат диети и вежби, предизвикувајќи здравствени проблеми на себе и на својот плод.

 

Исхраната за време на бременоста треба да биде честа но не обилна. Многу трудници неумеат да се носат со новата состојба што ја предизвикува бременоста па затоа имаат бројни проблеми вклучувајќи ја и прегорексијата. Затоа ве советуваме, освен со гинеколог, за време на бременоста да се советувате и со психолог кој ќе ви даде корисни совети за тоа како да ги надминете наметнатите проблеми.

 

Лекарите велат дека е нормално во текот на бременоста да додадете 10 килограми на себе, освен тоа лекарите не препорачуваат диета, само здрава храна и избегнување на алкохол и цигари како и други слични средства. Што се однесува на вежбите, вежбајте благи но не напорни вежби.

 

Запомнете дека Вашата состојба нормално ќе ви донесе вишок килограми, тоа не е нешто засташувачко, па затоа подобро е да имате некој килограм плус и да родите здраво дете, отколку поради Вашата “витка деветмесечна линија” да го загрозите Вашето здравје и здравјето на Вашето дете.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER