Предијабетес | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Предијабетес

Автор: Др. Панче Здравковски



Предијабетес е состојба на зголемено ниво на шеќер во крвта, но не доволно за да се класифицира како дијабетес мелитус тип 2. Нелекуван, предијабетес мошне веројатно дека ќе премине во дијабетес тип 2 во рок до 10 или помалку години.







Симптоми



Предијабетес обично нема некои значителни знаци и симптоми.



Хиперпигментирани делови на кожата, состојба наречена акантозис нигриканс, е еден од малкуте знаци на предијабетес. Најчестите регии кои можат да бидат афектирани се вратот, пазувите, лактите, колената и на зглобовите од базата на прстите од раката.



Следниве знаци и симптоми треба да бидат аларм за пациентот, а тие вклучуваат:



- зголемена жед

- зачестено уринирање

- замор

- заматен вид



Причини



Точната причина за појава на предијабетес е непозната, иако истражувачите откриле некои гени кои се поврзани со инсулинската резистенција. Прекумерната телесна тежина, особено висцералната дебелина (масни наслаги на абдоменот) и неактивниот животен стил се исто така важни фактори за развој на предијабетес.



Се знае дека луѓето кои имаат предијабетес неможат во целост да го преработат шеќерот во крвта (гликозата). Ова предизвикува натрупување на големи количини на гликоза во крвотокот, наместо да се искористува од клетките на организмот за енергија.



Најголемиот дел од гликозата во организмот доаѓа од храната која што се јаде, особено храната која содржи јаглехидрати. Било која храна која содржи јаглхидрати, може да го афектира нивото на шеќер во крвта, а не само благите хранливи продукти.



За време на варењето на храната, гликозата навлегува во крвотокот, и со помош на инсулинот, навлегува во клетките на организмот кои ја користат за енергија.



Инсулинот е хормон, кој се лачи од страна на панкреасот, жлезда лоцирана веднаш под желудникот. Кога се јаде, панкреасот го секретира инсулинот во крвотокот. Како што инсулинот циркулира во телото, тој служи како клуч кој ги отвора микроскопските врати, кои и овозможуваат на гликозата да навлезе во клетките. Всушност, инсулинот го намалува нивото на гликоза во крвта. Како што опаѓа нивото на гликоза во крвта, така се намалува и инсулинската секреција.



Кај предијабетес, овој процес не функционира нормално. Наместо да ги снабдува клетките со енергија, гликозата се натрупува во крвотокот. Ова се јавува поради недоволно лачење на инсулин од страна на панкреасот или клетките стануваат резистентни на инсулин.



Ризик фактори



Истите фактори кои го зголемуваат ризикот за појава на дијабетес мелитус тип 2 го зголемуваат ризикот и од предијабетес, а тука се вбројуваат:



- Дебелина. Зголемената телесна тежина е примарен ризик фактор за предијабетес. Колку што е човекот подебел, особено околу стомакот, толку поголема резистенција се создава кај клетките за инсулин.



- Неактивност. Непрактикувањето на физичка активност го зголемува ризикот од предијабетес. Физичката активност ја контролира телесната тежина, а со тоа ја намалува резистентноста на клетките кон инсулин.



- Возраст. Ризикот за предијабетес се зголемува со тек на стареењето, особено после 45 година. По оваа возраст, се смета дека луѓето помалку вежбаат, ја губат мускулната маса и ја зголемуваат телесната тежина. Сепак, повозрасните луѓе не се единствените кај кои ризикот од предијабетес и дијабетес тип 2 е поголем. Овие состојби може да се сретнат и кај младата возрасна група.



- Фамилијарна историја. Ризикот за предијабетес се зголемува ако родителот или член од најблиската фамилија има дијабетес тип 2.



- Раса. Иако не е сигурно зошто, луѓето кои припаѓаат на одредени раси развиваат предијабетес почесто од останатите.



- Гестациски дијабетес. Доколку жената за време на бременоста развие гестациски дијабетес, ризикот за понатамошно појавување на дијабетес тип 2 е зголемен. Доколку мајката роди бебе потешко од 4.1 килограми, таа има зголемен ризик од дијабетес.



- Полицистичен оваријален синдром. Кај жените со овој синдром, кој вклучува нерегуларни менструални циклуси, прекумерен раст на влакна и дебелина, ризикот за дијабетес е поголем.



- Неадекватно спиење. Неколку неодамнешни студии го поврзаат недостатокот на спиење со зголемен ризик од појава на инсулинска резистенција. Истражувачите сугерираат дека долгогодишното спиење по 5.5 часа во ноќта, го зголемува ризикот од предијабетес и дијабетес тип 2.



Од останатите состојби асоцирани со предијабетес, ќе ги вклучиме:



- висок крвен притисок

- намалено ниво на ХДЛ (добар) холестерол

- зголемено ниво на триглицериди



Компликации



Прогресијата на предијабетес во дијабетес тип 2 е најсериозната консеквенца на нетретираниот предијабетес.



Компликациите на дијабетес тип 2 вклучуваат:



- висок крвен притисок

- високо ниво на холестерол

- срцева болест

- мозочен удар

- бубрежни заболувања

- слепило

- гангрена и ампутација на екстремитет



Дијагноза



За да се направи гликозен скрининг тест, потребно е да се има некој од следниве ризик фактори:



- зголемена телесна тежина, со индекс на телесна маса над 25

- неактивен животен стил

- возраст над 45 години

- позитивна фамилијарна историја за дијабетес тип 2

- позитивна историја за гестациски дијабетес или родилна тежина на бебето поголема од 4.1 килограм

- позитивна историја за полицистичен оваријален синдром

- висок крвен притисок

- абнормално ниво на холестерол



Тестови кои се користат за дијагноза на предијабетес:



- Гликозилиран хемоглобински (А1Ц) тест. Со овој крвен тест се прегледува средното ниво на гликоза во крвта во последните два до три месеца. Со него се мери процентот на гликоза која е врзана за хемоглобин. Колку што е нивото на гликоза во крвта повисоко, толку и хемоглобинот врзува повеќе гликоза.Вредностите за А1Ц помеѓу 5.7 и 6.4% се сметаат за предијабетес.



- Ниво на гликоза во крв по гладување. За овој тест се зема крв од вена по 8 часовно гладување. Се очекува дека нивото на гликоза во крвта се намалува за 100 милиграми по децилитар, односно 5.6 милимоли на литар. Овие вредности се сметаат за нормални. Доколку нивото на гликоза биде 125 милилитри на децилитар, тогаш тоа се смета за предијабетес.



- Орален гликоза толеранс тест. Прво се зема крвен примерок за да се измери нивото на гликоза во крвта после 8 часовно гладување. Потоа, се пие течност со шеќер и се мери нивото на гликоза во крвта после 2 часа од пиењето на течноста. Нивото на шеќер во крвта помало од 140 милиграми на децилитар, односно 7.8 милимоли на литар е нормално. Нивото на шеќер во крвта од 140 до 200 милимоли на децилитар, односно 7.8 до 11 милимоли на литар се смета за предијабетес.



Лекување



Доколку се има предијабетес, правилниот животен стил може многу да помогне во нормализирањето на нивото на гликоза во крвта и да ја спречи појавата на дијабетес тип 2. Се покажало дека следниве совети значително го намалуваат ризикот од прогресија на предијабетес во дијабетес тип 2:



- Здрава исхрана. Најбитно е да се консумира немасна храна која ќе биде богата со диететски влакна. Примарно треба да се внесува многу овошје и зеленчук.



- Практикување на физичка активност. Потребно е да се вежба барем 30-60 минути три пати во неделата. Наместо автомобил, подобро е да се користи велосипед.



- Слабеење. Доколку лицето со предијабетес има прекумерна телесна тежина, потребно е да ги изгуби вишокот на килограми.



- Медикаменти. Понекогаш, потребно е земање на одредени лекови, како што се оралните лекови за дијабет – метформин или акарбоза.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER