Предоперативна превенција на пулмонален тромбемболизам | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

АНЕСТЕЗИОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Предоперативна превенција на пулмонален тромбемболизам

Автор:



д-р Сузана Димовска

Специјалист по Анестезиологија, Реанимација и Интензивно лекување








Пулмоналниот емболизам е одговорен за 10% од случаите на хоспитална смрт (смрт во болница). Без превенција, 40-80% од високо-ризичните пациенти развиваат длабока венска тромбоза, а повеќе од 10% умираат од пулмонален емболизам како резултат на откачување на емболус од длабоките вени на нозете.

Повеќето случаи на пулмонален емболизам резултираат од длабоката венска тромбоза која започнува во венските сплетови на нозете и кои се насочуваат проксимално (нагорно).



Зголемен ризик од венски тромбемболизам предоперативно е поради:








  • Хиперкоагулабилност, предизвикана од оперативниот зафат, карцином или хормонска терапија
  • Стаза (застој на крвта) во венските плексуси (сплетови) на нозете за време на оперативниот зафат или постоперативно
  • Интерференција со венскиот повраток (бременост, операции во малата карлица, пнеумоперитонеум)
  • Дехидратација
  • Сиромашен кардијак аутпут





Секој пациент кој подолго време лежи во кревет (имобилизација) има зголемен ризик од развој на венски тромбемболизам. Профилаксата е особено потребна кај болни, стари и изнемоштени лица.



Ризик фактори за развој на венски тромбемболизам



Пациентите може да се поделат во три категории на ризик:




  • Низок
  • Среден
  • Висок





Овие категории се во зависност од времетраењето на хируршкиот зафат (<30мин. низок ризик, >30мин висок ризик). Високо ризични пациенти се оние со хируршки зафати на колкот и абдоминални и операции во малата карлица.

Пациенти со варикозни вени, гојазни пациенти, постари од 40 год, бремени жени, пуерпериум, естрогенска терапија, исто така го зголемува ризикот од развој на венски тромбемболизам.



Асоцирани болести – малигни тумори, особено метастатски, траума, системски инфекции, срцева инсуфициенција, хематолошки болести, инфламаторна болест на цревата е исто така од значење во развојот на тромбемболизам.



На пример – нормално исхранет пациент, постар од 40 години, кој има оперативен зафат кој трае пократко од 30 минути, спаѓа во категорија со мал ризик од развој на пулмонален емболизам, додека нормално исхранет пациент помлад од 40 години, кој е подложен на оперативен зафат во абдоменот, има модериран ризик, а стар пациент кој има операција во малата карлица поради одстранување на карцином спаѓа во категорија на пациенти со висок ризик од развој на тромбемболизам.



Методи на профилакса




  • Избегнување на продолжена имобилизација (Охрабрување на пациентот да се движи што е можно поскоро после операцијата)
  • Избегнување на дехидратација (Давање течности интравенски или преку уста)
  • Поткожна администрација (давање) на хепарин ја редуцира инциденцата на развој на длабока венска тромбоза и пулмонален емболизам за 2/3.











Нефракционираниот хепарин сега е заменет со новиот нискомолекуларен хепарин, кој е доста ефективен и ретко предизвикува несакани крваречки компликации.











Нефракциониран хепарин



Се започнува 2 часа пред операцијата, а после операцијата се администрира во концентрации од 5000 ИЕ на 12 часа (8 часа за поризични пациенти).



Ниско-молекуларен хепарин - фракциониран



Се започнува со субкутана администрација вечерта пред операцијата. Дозите се различни во зависност кој тип на нискомолекуларен хепарин се применува.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER