Причини и решенија за постојаниот замор | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА

Причини и решенија за постојаниот замор

 

Недоволно спиење

 

Една од причините за заморот може да биде недоволното спиење. Недостатокот на сон негативно влијае на концентрацијата и здравјето. Возрасните треба да спијат од седум до осум часови секоја вечер.

 

Решение: Дадете му приоритет на спиењето и редовно легнувајте во исто време. Од Вашата соба за спиење “избркајте ги“ лаптопот, мобилниот и телевизорот. Ако сеуште имате проблеми со заспивањето, побарајте лекарска помош. Можно е да имате нарушување на спиењето.

Слееп апнеа

 

Некои луѓе мислат дека спијат доволно и не се свесни дека страдаат од слееп апнеа која што за кратко го запира дишењето во текот на ноќта. Секое запирање на дишењето предизвикува краткотрајно будење од сонот за кое не сте свесни. Резултатот на сето тоа е недоволно сон иако сте поминале осум часа во кревет.

 

Решение: Ослабнете ако имате зголемена телесна тежина и престанете со пушење.

 

Недоволна исхрана

 

Внесувањето на премалку храна може да предизвика замор, но исто така проблем може да биде и внесување на погрешна храна. Балансираната исхрана помага во контролата на шеќерот во крвта и го превенира непријатното чувство кога ќе се случи намалување на истиот.

 

Решение: Секогаш појадувајте и во исхраната вклучете протеини и сложени јаглехидрати како на пример, јајца и тост од цели зрна.

 

Анемија

 

Анемијата е една од водечките причини за појава на замор кај жените. Менструалното крварење може да предизвика загуба на железо. Железото учествува во составот на црвените крвни зрнца кои што се потребни за доставување на кислородот до ткивата и органите.

 

Решение: Ако анемијата е предизвикана поради недостаток на железо, може да помогнат суплементи на железо и консумирање на храна која што е богата со железо како што е црвено месо, црн дроб, грав и житарки збогатени со железо.

Депресија

 

Депресијата е емоционално нарушување, но исто така таа допринесува и кон развивање на многу други физички симптоми. Заморот, главоболките и загубата на апетит се едни од најчестите пропратни симптоми на депресијата. Ако се чувствувате изморени и нерасположени повеќе од неколку недели, посоветувајте се со доктор.

 

Решение: Депресијата многу успешно се лекува со психотерпија и/или лекови.

 

Хипотиреодизам

 

Тироидеата е мала жлезда која што се наоѓа во основата на вратот. Го контролира метаболизмот и брзината со која што телото ја претвора храната во енергија. Кога тироидната жлезда ја има намалено со својата активност и метаболизмот започнува побавно да функционира, ќе започнете да се чувствувате мрзоволно и ќе почнете со зголемување на телесната тежина.

 

Решение: Ако крвниот тест потврди ниско ниво на тироидните хормони, метаболизмот може да се забрза со користење на синтетички хормони.

 

Претерување со кофеин

 

Кофеинот може да ја подобри концентрацијата, но само ако се консумира во умерени дози. Премногу кофеин може да предизвика зголемување на пулсот и крвниот притисок. Истражувањата покажуваат дека премногу кофеин всушност може да предизвика замор кај некои луѓе.

Решение: Постепено намалувајте со консумација на кафе, чај, чоколадо, безалкохолни пијалоци и лекарства кои содржат кофеин, бидејќи тоталниот прекин може да предизвика апстиненцијален синдром и уште повеќе замор.

 

Скриена инфекција

 

Ако некогаш сте имале инфекција на уринарниот тракт, веројатно сте запознаени со жаречката болка и чувството за итност во тоалетот. Но, не секогаш инфекцијата на уринарниот тракт ги дава познатите симптоми. Во некои случаи, заморот може да биде и единствениот симптом. Направете тест со урина со цел брзо да се открие дали се работи за уринарна инфекција.

 

Решение: Лек за инфекцијата се антибиотиците и заморот ќе исчезне во рок од една недела.

 

Дијабетес

 

Кај луѓето кои што патат од дијабетес, високото ниво на шеќер останува во крвотокот наместо да се претвори во енергија. Резултатот е тело без енергија и покрај доволниот внес на храна. Ако постојано чувствувате замор кој што не можете да си го објасните, тестирајте го нивото на шеќер во крвта.

 

Решение: Третманите за дијабетес вклучуваат промени во животниот стил како што се диета и вежбање, инсулинска терапија и лекови кои што му помагаат на телото да го процесира шеќерот.

 

Дехидратација

 

Заморот може да биде и знак за дехидратација. Без разлика на тоа дали вршите физичка работа или работите пред компјутер, на Вашето тело му е потребна вода. Ако сте жедни, тоа значи дека веќе сте дехидрирале.

 

Решение: Пијте вода во текот на целиот ден со цел урината да биде слабо обоена. Еден час пред да започнете со некоја физичка активност, испијте најмалку две чаши вода. Пијте вода и во текот на активноста и напијте се уште две дополнителни чаши откако ќе завршите.

 

Срцеви болести

 

Кога заморот ќе стане присутен во вашите секојдневни активности како што е чистењето на куќата или уредувањето на дворот, тоа може да биде знак дека имате проблеми со Вашето срце. Ако забележите дека оние работни задачи кои што некогаш сте ги вршеле со леснотија постепено стануваат се потешки за извршување, консултирајте се со Вашиот доктор за можни проблеми со срцето.

 

Решение: Промените во животниот стил, лековите и терапевтските процедури ќе ја држат болеста под контрола и ќе ја вратат енергијата.

Пореметување на спиењето поради сменска работа

 

Ноќната или сменската работа можат да го пореметат внатрешниот часовник. Како резултат на тоа, може да се чувствувате изморено кога треба да бидете будни. Исто така, може да имате и проблеми со спиењето во текот на денот.

 

Решение: Ограничете го изложувањето на дневна светлина кога треба да се одмарате. Собата нека биде затемнета, тивка и со умерена температура. Ако сеуште имате проблеми со спиењето, консултирајте се со доктор. Можат да помогнат суплементи и лекарства.

 

Алергии на храна

 

Некои доктори веруваат дека скриените алергии на храна можат да предизвикаат поспаност. Ако заморот започне да се зголемува по оброкот, можно е да имате слаба нетолеранција на храната која што ја консумирате. Тоа можеби нема да биде доволно за да предизвика чешање и црвенило, но ќе биде доволно за да ве направи уморни.

 

Решение: Пробајте една по една да ги елиминирате намирниците кои што ги консумирате со цел да видите дали заморот ќе исчезне. Можете да направите и алерго тест на храна.

 

Синдром на хроничен замор и фибромиалгија

 

Ако заморот трае повеќе од шест месеци и толку е чест што го оневозможува вршењето на секојдневните активности, можно е да се работи за синдром на хроничен замор или фибромиалгија. И двете можат да имаат различни симптоми, но заеднички симптом за двете е постојан и необјаснив замор.

 

Решение: Иако не постои брзо решение за фибромиалгијата или синдромот на хроничен замор, може да помогне промената во дневните рутински обврски, воведување на подобри навики за спиење и започнување со лесна програма за вежбање.

 

Брзо решение за лесен замор

 

Ако имате лесен замор кој што не е поврзан со ниту една медицинска состојба, решението може да биде во вежбањето. Истражувачите советуваат дека здравите но уморни возрасни лица можат да ја зголемат енергијата ако започнат со умерено вежбање. Во една студија, учесниците 20 минути возеле статичен велосипед со средно темпо. Возењето статичен велосипед само три пати неделно по 20 минути било доволно да се победи заморот.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER