Пријапизам – Долготрајна ерекција без причина | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Пријапизам – Долготрајна ерекција без причина

Доколу ви се случи да добиете долготрајна цврста ерекција без никаква причина тогаш големи се шансите да се работи за пријапизам. Кратката и повремена ерекција е нормална и го обезбедува пенисот со потребните нутритиенти, но доколку ви се случи цврста ерекција која не престанува, а притоа нема никаков повод за тоа, тогаш најверојатно се работи за пријапизам и треба да побарате лекарска помош.



Можеби ви звучи малку бизарно да отидете во брза помош со цврста ерекција и да се жалите на тоа, но не треба да ви биде чудно бидејќи не се работи за сексуално возбудување или за нешто нормално, туку се работи за венски застој во пенисот кој не и дава на крвта нормално да циркулира.



Кои се причините поради кои може да настане пријапизам?



-
Пенилни инјекции кои се користат за лекување на еректилна дисфункција

- Повреди на пенисот

- Разни заболувања кои се склони кон згрутчување на крвта

- Повреда на ‘рбетот

- Нервни проблеми

- Тумори

- Повреди на половината

- Маларија

- Дрога

- Во некои случаеви причинителот едноставно не е познат



Како и да е, оваа состојба мора да се лекува. Не е опасна по живот но може да остави трајни последици. Се решава на лесен начин со инјекција, но некогаш е потребна и хируршка интервенција.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER