Пријапизам – продолжена и болна ерекција | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Пријапизам – продолжена и болна ерекција

Пријапизам е состојба на пролонгирана ерекција на пенисот. Несаканата, перзистентна ерекција не е предизвикана од сексуална стимулација или дразба и најчесто е болна.



Пријапизмот е состојба која бара итен медицински третман со цел да се спречи ткивното оштетување, кое би резултирало со неможност да се добие и да се одржи ерекција (еректилна дисфункција). Пријапизам е честа состојба кај младите машки деца на возраст од 5 до 10 години, како и кај мажите од 20-50 годишна возраст.



Симптоми



Пријапизмот предизвикува абнормална перзистентна ерекција. Неговите симптоми зависат од тоа за кој тип на пријапизам се работи.



Исхемичен пријапизам



Исхемичниот пријапијам е резултат на неможноста на крвта да го напушти еректираниот пенис. Ова е најчест тип на пријапизам. Симптомите вклучуваат:



- несакана ерекција која трае повеќе од четири часа

- ригидно (тврдо) тело на пенисот, а мека глава (гланс)

- ерекција која не е резултат на сексуална стимулација

- болка во пенисот



Неисхемичен пријапизам



Неисхемичниот пријапизам се јавува кога премногу крв протекува низ пенисот. Знаците и симптоми вклучуваат:



- несакана ерекција која трае најмалку четири часа

- еректиран, но не ригиден пенис

- ерекција без сексуална стимулација

- најчесто безболен



Причини



Причините за појава на пријапизам се делат на неколку групи:



Хематолошки (крвни) пореметувања:



- српеста анемија

- леукемија



Медикаменти:



- медикаменти за еректилна дисфункција (силденафил, тадалафил и варденафил)

- пенилни инјекции за третман на еректилна дисфункција (папаверин)

- антидепресанти (флуоксетин, бупропион)

- психијатриски медикаменти (рисперидон, оланзапин)

- антикоагуланти (варфарин, хепарин)



Илегални супстанции



- рекреативно користење на лекови за еректилна дисфункција

- пиење премногу алкохол

- користење на марихуана и кокаин



Останати фактори:



- повреди на рбетниот мозок

- згрутчување на крвта



Лекување



Исхемичниот пријапизам се третира со:



- аспирација (се извлекува крвта од пенисот со игла)

- лекови (алфа-адренергични симпатомиметици)

- операција

- дополнителни третмани (се лекува основната болест – српеста анемија)



Неисхемичниот пријапизам најчесто помина без лекување. Сепак, состојбата треба да се следи од страна на лекар-специјалист.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER