Проблеми со варењето на храната, зошто се јавуваат и како да се надминат? | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ГАСТРОЕНТЕРОХЕПАТОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Проблеми со варењето на храната, зошто се јавуваат и како да се надминат?

Многу луѓе страдаат од проблеми со варењето, стомачни грчеви, болки, неправилна апсорпција.. но многу малку луѓето обрнуваат внимание на доброто и правилно варење на храната. Добро варење и правилната апсорпција се многу важни за одржување на здравјето на целото тело и одржување на стабилна крвна слика.



Луѓето често имаат вакви проблеми и најчесто инстантно ги решаваат со лекови, но најважно е да дознаеме која е основата т.е. зошто се јавуваат овие проблеми. Прочитајте ги нашите совети можеби ќе ви бидат корисни доколку и вие спаѓате во оваа голема група на луѓе кои често имаат проблеми со варењето.



Проблемите со варењето се јавуваат од разни причини, но најчесто сe јавуваат поради:



Одредена храна



Одредена храна може да предизвика проблеми со варењето, но исто така проблеми со варењето предизвикува и честото избегнување на природните оброци и нивно заменување со оброци кои содржат многу вештачки состојки. Честото користење на здрави природни состоки, овошје или про-биотски јогурт е многу важно за подобрување на варењето.



Емоционални проблеми – стрес



Можеби ова ви е чудно, но според истражувањата, емоционалните проблеми и стресот се најчеста причина за проблеми со варењето. Доколку не сте опуштени и сте под голем стрес, желудникот со сигурност нема да може правилно да ја свари храната.



Недоволно џвакање на храната



Ако недоволно ја џвакате храната и јадете набрзина, тогаш ризикувате често да имате проблеми со варењето баш поради оваа причина.



Што треба да правиме за да го подобриме варењето?




Релаксација пред оброк




Важно е никогаш да не јадете набрзина, секогаш да бидете одморени пред да го земете оброкот и да бидете опуштени. Откако ќе се одморите, земете да јадете и внимавајте како го правите тоа, односно:



-
Добро џвакајте. Трудете се секој залак добро да го соџвакате бидејќи со тоа ќе му помогнете на желудникот полесно да ја вари храната, а со тоа и ќе ги намалите шансите за поголеми проблеми подоцна.



- Опуштете се после јадење. После јадење најдобро е да одморите 5-10 минути за да варењето започне правилно. Можете да излезете во дворот, да седнете и да одморите. Но, избегнувајте лежење или активно движење барем 10 минути откако ќе завршите со оброкот.



- Имајте исправен став. Докажано е дека подгрбавеноста за време на јадењето допринесува за проблеми со варењето, па затоа додека јадете не подгрбавувајте се, туку држете се колку што можете поисправено.





Пијте чаеви и сокови



Докажано е дека течностите го подобруваат варењето, а исто така има и многу билки кои имаат докажан ефект во подобрување на варењето и апсорпција на храната. За добар дел од нив веќе сме пишувале. Доколку користите повеќе течности во текот на денот, не само што ќе му помогнете на дигестивниот систем за правлилно варење на храната, исто така ќе му помогнете на целиот организам за детоксикација, како и за подобрување на работата на бубрезите.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER