Проблеми со спиењето | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ПСИХИЈАТРИЈА

                           
                           
                           
                       

Проблеми со спиењето

Потребно ви е да знаете повеќе информации за проблемите во врска со спиењето? Проблемите со спиењето како ’рчење, слееп апнеа, несоница, депривација на спиењето се чести, со нив се соочува голем дел од популацијата насекаде во светот.

Она што е неопходно е да се знае, е зашто спиењето е оптимално за здравјето, како природниот хормон мелатонин го нарушува спиењето и будноста, и како различни состојби и стази на спиењето го импактираат (нарушуваат) квалитетот, квантитетот на сонот.



Инсомниа



Инсомниата самата за себе е симптом на други проблеми. Типичните одлики на инсомниата вклучуваат невозможност да се заспие, или да се одржи процесот на спиење во текот на ноќта, будење порано од вообичаеното траење на сонот, и дневна исцрпеност како резултат на недоволен сон.












Sleep Apnea



Терминот подразбира прекин на дишењето за време на спиење. Мажите со прекумерна телесна тежина и популацијата над 40години имаат повисок ризик од слееп апнеа. Нетретираната слееп апнеа може да предизвика хипертензија (зголемен крвен притисок), срцева слабост, и мозочен удар.



Депривација (намалување) на спиењето



Дали доволно спиете?



Нормалните дневни потреби се разликуваат во одредени периоди од животот.

За новороденчиња и доенчиња дневните потреби се до 16 часа на ден, децата за време на пубертет и адолесценција до 9 часа, а повеќето возрасни индивидуи имаат потреба од 7-8часа дневно.



Последици од депривација (намалување) на спиењето



- Проблеми со помнењето




-Депресија




-Зголемување на чувството за болка




Повеќето студии укажуваат на тоа дека депривацијата (намалување) на спиењето е опасна.

Националната фондација која се занимава со проблемите во врска со спиењето укажува на тоа дека:





-доколку неможете да ги одржите очите фокусирани;





-неможете да го прекинете прозевањето;



-неможете да се сетите како сте ги извозеле последните неколку километри,

вие сте веројатно премногу уморени да да возите безбедно.



Одење за време на сон (месечарење)



Истражувањата покажуваат дека 1-15% од популацијата, страда од овој вид на нарушување. Повеќето од нив се деца на возраст од 3-7 години. Перзистенцијата (траењето) на месечарството за време на адултниот период е доста честа.

За среќа месечарењето не е асоцирано со психијатриски или психолошки проблеми. Едноставно се работи за нарушување на спиењето кое се јавува кога личноста е во длабок сон, и за кое време може да се извршуваат секојдневни активности, како однење, зборување, седнување и разгледување наоколу, дури и способност да се отклучи вратата и да се шета наоколу.


За време на овој период, месечарите е тешко да се разбудат, а кога ке се разбудат обично и не се сеќаваат за своите авантури.











Ноќни мори и кошмари



Се презентираат во вид на лоши и вознемирувачки соништа кои се причина да се прекине сонот. Се манисфестираат во вид на вресоци, вртење во постелата и плачење кај децата. После ова обично личноста која ги доживеала не се сеќава за настанот, и по краткотрајниот прекин повторно запаѓа во сон.



Нарколепсија



Прекумерната потреба за спиење во текот на денот, и прекумерната поспаност е синоним за нарколепсија.

Сонувањето за време на краткотрајните одмори, и доживувањето на соновидни халуцинации во почетокот на заспивањето може да бидат предупредувачки знаци. Губиток на мускулната контрола (наречена катаплексија) што се јаува за време на емотивни состојби, како бес, смеење и други афективни состојби, и невозможност да се направат движења за време на спиењето и во текот на будењето (спиечка парализа) се исто така симптоми за нарколепсија.



Restless Leg Синдром



Примарен предупредувачки знак е неопходна ургентност да се помрдне ногата кратко време откако сте заспале, за време на сонот, или во текот на будењето.

Состојбата обично се подобрува ако станете и прошетате наоколу за да ги размрдате нозете.

Слична состојба е и кога се чувствуваат сензации или дискомфорт (непријатност) за време спиењето кои ги зафаќаат рамениците, подлактиците, прстите.



Јавете се на доктор ако:

- Спиењето не се подобрува со посебни техники кои вклучуваат добра сон-будност хигиена, исклучување на кофеинот од употреба, вежбање, и употреба на релаксирачки техники.



- Ако мислите дека ваквите проблеми во однос на спиењето се одговорни за некои состојби како тахикардии, аритмии, и останати срцеви проблеми.




- ’Рчите гласно, или правите гласни воздишки за време на спиењето, кои го вознемируваат и вашиот партнер.




- Ако заспивате за време на нормалните активности, вклучително и за време на возењето.




- Доколку се чувствувате неосвежени и сте константно уморни.




- Ако се сомневате дека медикаментите кои ги земате се одговорни за проблемите со спиењето.




-Жените за време на првата половина на бременоста имаат потреба од повеќе сон отколку вообичаено.



Како и да е експертите советуваат дека доколку се чувствувате уморно за време на денот, дури и за лесни активности, дека ви е потребно повеќе сон.



ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER