Псоријатичен артритис | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Псоријатичен артритис

Псоријатичниот артритис е форма на артритис која ги афектира некои луѓе кои што имаат псоријаза – кожна состојба која се одликува со црвени делови на кожата, покриени со сребреникаво-бели лушпи. Повеќето луѓе прво развиваат псоријаза, а потоа развиваат псоријатичен артритис, но проблемите со зглобовите понекогаш може да се јават и пред кожните лезии.







Болки во зглобовите, вкочанетост и отоци се главните симптоми на псоријатичниот артритис. Може да бидат афектирани зглобовите во било кој дел од телото, вклучувајќи ги малите зглобови на врвовите на прстите, па се до меѓупршленските зглобови, а симптомите може да варираат од релативно благи до многу тешки и онеспособувачки. Слично како кај псоријазата, нападите на псоријатичен артритис се јавуваат и се губат, односно се постигнува привремена ремисија.



Бидејќи не постои конректен лек за псоријатичниот артритис, целта на третманот е да се контролираат симптомите и да се спречи понатамошното оштетување на зглобовите. Нетретиран, псоријатичниот артритис може да доведе до инвалидитет.



Симптоми



Псоријазата и псоријатичниот артритис се хронични болести, кои се влошуваат од време на време. Понекогаш, симптомите целосно се повлекуваат, и пациентот се чувствува прилично добро, но во многу случаи, симптомите се влошуваат и го оневозможуваат нормалното секојдневно функционирање.



Псоријатичниот артритис може да ги афектира зглобовите на само една страна или и на двете страни симетрично на телото. Знаците и симптомите на псоријатичниот артритис често наликуваат на оние на реуматоиден артритис. И двете болести предизвикуваат болки, отоци и вкочанетост на зглобовите.



Сепак, псоријатичниот артритис е специфичен по следниве симптоми:



- Отоци на прстите на рацете и нозете. Псоријатичниот артритис може да предизвика болни отоци на прстите на рацете и на нозете. Може да се развијат и отоци и деформитети на дланките и стапалата, пред да се почувствуваат значителни зглобни проблеми.



- Болки во табаните. Псоријатичниот артритис исто така, може да предизвика болка каде што тетивите и лигаментите се поврзуваат за коската – особено на задната страна на петите (Ахилов тендинитис) или на долната страна на стапалото (Плантарен фасциитис).



- Долно-грбна болка. Некои луѓе развиваат состојба наречена спондилитис, како резултат на псоријатичниот артритис. Спондилитисот најчесто предизвикува воспаление на зглобовите меѓу пршлените на рбетниот столб и зглобовите помеѓу рбетниот столб и карлицата (Сакроилиитис).



Причини



Псоријатичниот артритис се јавува кога имунолошкиот систем започнува да ги напаѓа здравите клетки и ткива. Абнормалниот имунолошки одговор предизвикува воспаление на зглобовите, како и прекумерна продукција на клетки на кожата.



Сеуште не е јасно зошто имунолошкиот систем ги напаѓа здравите ткива, но се смета дека и генетските и факторите од околината имаат улога во тоа. Повеќето луѓе со псоријатичен артритис имаат фамилијарна историја, или на псоријаза или на псоријатичен артритис.



Физичката траума или некој фактор од околината – како што се вирусните или бактериските инфекции – може да го тригерираат псоријатичниот артритис кај луѓето кои се склони кон ова заболување.



Ризик фактори



Постојат повеќе фактори кои го зголемуваат ризикот од псоријатичен артритис, а тука се вбројуваат:



- Псоријаза. Постоењето на оваа болест е најголемиот ризик фактор за појава на псоријатичен артиритс. Луѓето кои имаат псоријатични лезии на ноктите, се особено склони кон развој на псоријатичен артритис.



- Фамилијарна историја. Повеќето луѓе со псоријатичен артиритс имаат родител или роднина со оваа болест.ж



- Возраст. Иако нема ограничувања за возраста на која може да се јави оваа болест, возрасната група од 30-60 години се смета за најпогодена.



Компликации



Мал процент на луѓе со псоријатичен артритис развиваат мутилантен артритис (arthritis mutilans) - тешка, болна и онеспособувачка форма на болеста. Со тек на време, мутилантниот артритис ги уништува малите коски на рацете, особено прстите, што води до перманентни деформитети и инвалидитет.



Дијагноза



Ниту еден тест неможе да ја потврди дијагнозата на псоријатичен артритис. Но, некои видови на тестови може да ги исклучат сличните болести што предизвикуваат болки во зглобовите, како што е реуматоидниот артритис или гихт.



Тестови за визуелизација



- RTG снимање. Рентгенското снимање може да ги покаже промените на зглобовите кои се јавуваат кај псоријатичниот артритис, но не и кај другите состојби на артритис.



- Магнетна резонанца. Со оваа визуелизациона техника може да се прикажат промените што се случуваат на тетивите и лигаментите на стопалата и долниот дел на рбетот.



Лабораториски тестови



- Реуматоиден фактор (RF). Реуматоидниот фактор е антитело кое често е презентирано во крвта на луѓето со реуматоиден артритис, но не и кај луѓето со псоријатичен артритис. Поради ова, овој тест се користи за да се разликуваат овие две состојби.



- Пункција на зглобна течност. Со употреба на долга игла, се отстранува мала количина на синовијална течност од еден од афектираните зглобови, најчесто на коленото. Кристалите на урична киселина во синовијалната течност може да индицираат на гихт, и да го исклучат постоењето на псоријатичен артритис.



Лекување



Бидејќи не постои конкретен лек за псоријатичен артритис, третманот се фокусира на контролирање на воспалението на афектираните зглобови, за да се спречи болката и понатамошните оштетувања, кои може да доведат до инвалидитет на болниот. Лековите кои се користат во третманот на псоријатичен артритис вклучуваат:



- Нестероидни анти-инфламаторни лекови (НСАИЛ)

- Антиреуматски-модулирачки лекови

- Имуносупресивни лекови

- TNF- алфа инфибитори (TNF – тумор некрозен фактор)

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER