Пулмонална фиброза | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Пулмонална фиброза

Автор: Др. Панче Здравковски



Пулмоналната фиброза се јавува кога белодробното ткиво е оштетено, а се карактеризира со појава на лузни. Задебеленото и ригидно ткиво ја оневозможува нормалната функција на белите дробови. Како што пулмоналната фиброза се влошува, така и дишењето е се потешко.







Формацијата на лузни асоцирано со пулмоналната фиброза може да биде предизвикано од повеќе фактори. Но, во повеќето случаи, лекарите неможат да ја пронајдат точната причина. Кога не се знае причината, таа состојба се нарекува идиопатска пулмонална фиброза.



Оштетувањето на белите дробови кај пулмоналната фиброза е неповратно, но лековите и терапијата може понекогаш да ги подобрат симптомите, а со тоа и квалитетот на живот. Кај некои луѓе се извршува и трансплантација на бели дробови.



Симптоми



Знаците и симптомите на пулмоналната фиброза вклучуваат:



- недостаток на воздух (диспнеа)

- сува кашлица

- замор

- губење на тежина

- болки во мускули и зглобови



Развојот на пулмоналната фиброза и тежината на симптомите варираат од човек до човек. Кај некои луѓе состојбата се влошува многу брзо. Други пак, имаат поблаги симптоми кои се влошуваат со тек на месеци или години.



Причини



Лузните и задебелувањето на ткивото кај пулмонаната фиброза се случува на ниво на алвеолите во белите дробови. Ова го отежнува влезот на кислород во крвотокот. Оштетувањето може да биде предизвикано од различни фактори, вклучувајќи ги загаденоста на воздухот, одредени белодробни болести, па дури и некои видови на медикаменти.



Окупациони и фактори од околината



Долготрајната експозиција на бројни токсини и загадувачи може да предизвика оштетување на белите дробови. Тука се вбројуваат:



- силиконска прашина (силикон диоксид)

- азбестни влакна

- измет од птици и животни и друго



Радиотерапија



Некои луѓе кои примаат радијациона терапија за белодробен или карцином на дојка, покажуваат знаци за белодробно оштетување неколку месеци или понекогаш по неколку години по иницијалниот третман. Тежината на оштетување зависи од:



- колку белите дробови биле експонирани на радијација

- тоталната количина на администрирана радијација

- дали е користена и хемотерапија

- присуство на други белодробни болести



Лекови



Многу лекови може да ги оштетат белите дробови, особено:



- Хемотерапевтски лекови. Лековите создадени за да ги уништат канцерските клетки, како што е метотрексат и циклофосфамид, може да го оштетат белодробното ткиво.

- Лекови за срце. Тука спаѓаат лековите за нерегуларен срцев ритам, како што се амиодарон или пропранолол.

- Некои антибиотици. Нитрофурантоинот и сулфасалазинот може да предизвикаат белодробно оштетување.



Здравствени состојби



Белодробното оштетување може да се случи како резултат на:



- туберкулоза

- пневмонија

- системски лупус еритематозуз

- реуматоиден артритис

- саркоидоза

- склеродерма



Идиопатска пулмонална фиброза (кога причината не е позната)



Истражувачите имаат неколку теории за тоа кои фактори може да придонесат за појава на овој вид на фиброза, а тука се вклучени вирусите и експозицијата на чадот од цигари.



Ризик фактори



Факторите кои може да го зголемат ризикот од пулмонална фиброза вклучуваат:



- Возраст. Иако пулмоналната фиброза може да се јави и кај деца, најголемиот процент на болни се средовечни или постари особи.

- Пушење. Споредено со непушачите, пулмоналната фиброза се јавува почесто кај пушачите.

- Професија. Лицата кои работат во рудници, фарми или градежништво имаат зголемен ризик за појава на пулмонална фиброза.

- Туморски третман. Радијациониот третман на градите и користењето на хемотерапија значително го зголемува ризикот.

- Генетски фактори. Некои типови на пулмонална фиброза се наследуваат од колено на колено.



Компликации



Компликациите на пулмоналната фиброза вклучуваат:



- Висок крвен притисок во белите дробови (пулмонална хипертензија). Состојба која ги афектира крвните садови во белите дробови. Започнува во најситните артерии и капилари, кои се потиснати од формацијата на лузни, предизвикувајќи зголемен отпор на крвотокот во белодробието.



- Cor pulmonale (десно-срцева слабост). Ова се случува кога десната комора на срцето мора да пумпа повеќе крв поради зголемен отпор во белодробната циркулација. Комората со тек на време хипертрофира, односно ја компензира состојбата.



- Респираторна слабост. Ова е најчесто последен стадиум од хронична белодробна болест. Се јавува кога нивото на кислород во крвта е премногу ниско.



- Белодробен карцином. Прогресивната и нелекувана пулмонална фиброза може да предизвика белодробен карцином.



Дијагноза



За време на прегледот, лекарот ќе го слуша пациентот со стетоскоп за време на дишењето. Лекарот ќе ги препорача следниве дијагностички процедури:



Тестови за визуелизација:



- РТГ на граден кош

- Компјутеризирана томографија

- Ехокардиограм



Белодробни функционални тестови:



- спирометрија

- оксиметрија

- стрес-тест





Биопсија (парче ткиво):



- бронхоскопија

- бронхоалвеоларна лаважа

- хируршка биопсија



Лекување



Оформените лузни во белите дробови се иреверзибилни, и не постои докажан и ефикасен третман што ја спречува прогресијата на болеста. Одредени третмани може да ги подобрат симптомите на пулмоналната фиброза.



- лекови (кортикостероиди, имуномодулатори)

- кислородна терапија

- пулмонална рехабилитација

- операција

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER