Редовно одмарајте ги очите од компјутерскиот екран | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ОФТАЛМОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Редовно одмарајте ги очите од компјутерскиот екран

Долгите работни часови пред компјутерите несомнено влијаат на здравјето, но највеќе ги загрозуваат очите. Всушност, компјутерскиот екран им делува штетно на очите бидејќи го намалува процесот на влажење на очите и може да го замагли видот. Исто така може да дојде и до воспаление на очниот нерв.







Лекарите препорачуваат дека за повеќечасовната дневна работа на компјутер, потребно е да се прават редовни паузи, а ако почувствувате замор во очите, тие советуваат да ги затворите очите неколку мигови, а потоа да ги отворите и да се загледате во некоја далечена точка. Доколку се наоѓате во затворен простор, без прозори, треба да погледнете во било каква темнозелена површина.



Доколку очите Ви се зацрвенети или воспалени, немојте да употребувате капки за очи доколку не се препорачани од лекар. Дури и капките од камилица може да ги надразнат очите. Избегнувајте задимени простории и паралелно поставете овлажнувачи за воздухот во Вашата дневна соба.



УВ-зраците се опасност која често се потценува. Доколку сонцето е силно, секогаш носете очила со УВ-филтер.



Водете сметка за осветлувањето: премногу силно светло го отежнува визуелното запазување, а премногу слабото светло ја ослабнува острината на видот. Идеалната јачина е помеѓу 400 и 600 лукса. Оддалеченоста помеѓу очите и екраните треба да изнесува помеѓу 50 и 80 сантиметри.



Очите се заморуваат и после долготрајно гледање во екранот. Повремено трепкајте за да им обезбедите на очите доволна влажност. Често правете паузи – затворете ги очите и масирајте ги слепоочниците за да ја опуштите целата мускулатура околу очите.



Моркови за подобар вид



Два каротеноиди од морковите даваат оптимална заштита за жолтата дамка во окото. За одбрана од слободните радикали на очите им се потребни антиоксиданси – витамини А, Ц и Е, селен и цинк. Еден грам на витамин Ц во текот на денот, ги јакне капиларите во окото и околу него. Растителните супстанци – биофлавоноиди - штитат од дегенерација на жолтата дамка.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER