Ризична комбинација – алкохол и енергетски пијалок | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ТОКСИКОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Ризична комбинација – алкохол и енергетски пијалок

Истражувачите велат дека конзументите на алкохол и енергетски пијалоци се многу импулсивни, иако тоа не го знаат.






Пиењето на алкохол и енергетски пијалок постана тренд, но тренд кој може да биде и опасен. Оваа комбинација го прави човекот да се чувствува повеќе стимулиран отколку кога би пиел само алкохол.



Меѓутоа, тоа нема ефект врз импулсивноста и недостатокот на инхибиција што доаѓа со пиењето алкохол. Дури и алкохолот кога не се комбинира со ништо, и во мали количини може да ве стумулира и да ве направи среќен. Мешањето со енергетски пијалок, прави овие симптоми се поизразени.



Како резултат, оние кои пијат алкохол и енергетски пијалок можат да бидат многу импулсивни, а да чувствуваат дека не се. Па затоа тие имаат лош или слаб суд за нивните постапки.



Во изминативе години, ваквото мешање на пијалоците е особено изразено кај младата популација.



Но, и покрај трендот, малку лаборатории ја испитале штетноста на оваа комбинација. Се знае дека комбинирањето на алкохолот и енергетскиот пијалок е многу поопасно и има понепозната штетна компонента во однос на здравјето, отколку поединечната конзумација на овие пијалоци.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER