Рутинската компјутерска томографија може да ги открие срцевите проблеми | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Рутинската компјутерска томографија може да ги открие срцевите проблеми

Компјутерската томографија која е направена за рутински дијагностички цели – дури и онаа која не е направена поради сомневање за кардиоваскуларни болести – може да им биде корисна на радиолозите за скрининг на кардиоваскуларните болести.



Радиолозите можат многу добро да ги предвидат кардиоваскуларните болести користејќи ги случајните наоди на калцификати на аортниот ѕид, и покрај минималните информации кои се добиени од страна на пациентот како полот, возраста и причината за направената комјутерска томографија.



При најдобро сценарио, овој случајно откриен наод во иднина може значително да ги намали срцевите заболувања како инфарктот и другите сродни кардиоваскуларни настани.



Експертите посочуваат дека употребата на компјутерската томографија е зголемена во последнава декада и дека тоа значително придонело до зголемен број на инцидентни откривања на ваквиот тип на заболувања.



Ова откритие може значително да го смени уделот кој го имаат радиолозите во откривањето на потенцијално опасните заболувања и болести.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER