Сакате да останете млади? Почнете да се движите! | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА

Сакате да останете млади? Почнете да се движите!

 

Вежбањето кај повозрасните старосни групи ја намалува веројатноста за појава на депресија, деменција и други здравствени проблеми како што се срцевите заболувања, канцерот и дијабетесот.

 

 

Вежбањето за седум пати ги зголемува шансите за здраво стареење, велат научниците. Дури и постарите луѓе кои што воопшто не вежбале, ако започнат да го прават тоа, шансите за здраво стареење се зголемуваат за три пати.

 

Придобивките од вежбањето вклучуваат подобрена циркулација и подобрено здравје на коските, мускулите, кардиоваскуларниот систем и сите органи. Дури и кај мозокот се забележуваат подобрувања, зголемена е комуникацијата помеѓу невроните и намалена е загубата на мозочната маса која што е поврзана со стареењето. Менталните способности исто така се подобруваат.

 

Луѓето кои што барем еднаш неделно практикуваат средни до тешки физички активности имаат за три до четири пати поголема веројатност да останат здрави со текот на стареењето.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER