Симптоми кои можат да посочат на зголемена простата | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ГАСТРОЕНТЕРОХЕПАТОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Симптоми кои можат да посочат на зголемена простата

Зголемена простата е чест проблем кај мажите, кои се симптомите кои можат да укажат на овој проблем?







За правилно и рано дијагностицирање на оваа појава се потребни редовни прегледи и развивање на самата свест кај машката популација. Ова е болест која во почетокот не дава сиптоми, а потоа почнува да дава благи до умерени симптоми. Мажите ретко посветуваат внимание на ова, бидејќи сметаат дека се работи за нешто што лесно ќе помине, и не се интересираат за барање на лекарска помош. Ова трае се додека симптомите не се влошат и станат интензивни.



Важно е да се нагласи дека величината на простатата не мора секогаш да биде голема за да ги предизвика симптомите. Значи има луѓе кои со мало зголемување на простатата имаат сериозни проблеми, исто така има луѓе кои имаат голема простата а слаби симптоми.



Некои лекови како антихистаминиците, можат да влијаат врз влошување на симптомите, а освен нив, ладното време и зголемената физичка активност можат да бидат причина за интензивирање на симптомите.



Еве кои сиптоми се најчести при појава на оваа болест:



- Инконтиненција (незадржување на урина)

- Интензивно чувство за мокрење

- Зачестено мокрење

- Крв во урина (потешки симптоми)

- Болка при мокрење

- Честа потреба за мокрење во текот на ноќта

- Неможност за потполно празнење на мочниот меур

- Слаб, испрекинат или непотполен млаз при мокрење



Доколку забележите неколку од овие симптоми, веднаш јавете се на лекар. Немора да се работи за зголемена простата бидејќи овие симптоми можат да бидат предизвикани и од други промени, како што се: цистит, инфекции, малигни промени, опструкции или бубрежни проблеми.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER