Симптоми кои можат да посочат на постоење на глисти | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ИНФЕКТОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Симптоми кои можат да посочат на постоење на глисти

Глистите се карактеризираат со тоа што мигрираат во различни органи на човечкото тело, и во зависност од стадиумот на биолошкиот циклус се придвижуваат во различни делови на телото и таму можат да се задржат одреден период.



Токму поради оваа нивна особина, глистите можат да се причина за појава на различни симптоми. Ние во оваа статија ви нудиме листа на симптоми кои се јавуваат генерално при присуство на глисти во организамот.



Симптоми кои доаѓаат од системот за варење:



- Хиперсаливација (зголемено лачење на плунка)

- Непријатен мирис во устата

- Намален или претерано зголемен апетит

- Појава на силни повремени стомачни болки

- Нагони за повраќање



Симптоми кои доаѓаат од нервниот систем:



- Повремена главоболка

- Замор

- Честа вртоглавица

- Несоница



Симптоми кои доаѓаат од респираторниот систем:



- Болки во градите

- Сува кашлица

- Свирење во градите



Останати важни симптоми:



- Зголемени еозинофили

- Лесна анемија

- Чешање по кожата

- Чешање на аналниот отвор

- Уртикарии



После симптомите кои ви ги набројавме многумина од вас ќе помислат дека ова се симптоми на многу други заболувања. Да, точно е, ова се симптоми и на многу други заболувања, но треба да знаете дека комбинација на неколку од овие симптоми укажува на присуство на глисти, па поради тоа и сиптомите ги поделивме по ситеми.



Доколку кај вас постојат неколку симптоми од горенаведените, веднаш треба да посетите лекар. Дури и да не се работи за глисти, со сигурност се работи за друга патолошка состојба која наместо од глисти може да биде предизвикана од бактерии.



Симптомите во почетокот можат да бидат благи и занемарливи. Но доколку не поминуваат за два-три дена, тоа е доволен знак дека веднаш треба да се обратите кај вашиот матичен доктор.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER