Сите печурки се јадат, но некои само еднаш! (Прв дел) | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ТОКСИКОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Сите печурки се јадат, но некои само еднаш! (Прв дел)

Автор:

Научен сор.

Д-р. сци Нико Беќаровски

Специјалист по Интерна медицина – клинички токсиколог

Клиника за токсикологија



Со оваа духовита, но нажалост многу вистинска изрека, го започнуваме серијалот за габите, во склоп на циклусот написи за опсаностите што ги крие шумата и нејзините шумски плодови. Доаѓањето на пролетта, а за еден ден и летото, можеби е вистинското време за малку подобро запознавање со габите, поради нивниот наплив во природата, поврзан со честите врнежи после кои шумските ливади се исполнети со разновидни хранливи, но и смртоносни печурки.




Што се габите (печурките)?



Тие се необичен, разновиден и недоволно истражен свет, кои поради отсуство на фотосинтеза не може да се сместат во групата на растенија, а поради отсуството на движење и полно размножување не можат да се сместат во групата на животни. Се смета дека ги има помеѓу 70.000 и 100.000 различни врсти на нижи и виши врсти на габи, а некои хипотетички претпоставки говорат за преку 1 милион различни врсти.



Овој посебен облик на живот на земјата, развил три основни стратегии на преживување во природата, а тоа се:



- Габи симбиоти кои живеат во заедница со останатите растенија и меѓусебно се помагаат, односно растенијата ја користат водата од мицелите на габите, а овие извлекуваат минерални материи потребни за нивниот развој.



- Габи сапробионти (разградувачки)
без кои во природата би бил спречен процесот на разложување на органските материи, а шумите без нив би се угушиле во сопствениот отпад.



- Габи паразити
кои ги напѓаат живите растенија, животните и луѓето.



Најголем број од габите растат од неколку саати до 14 дена. Брзото растење е овозможено со шмукање на водата од тлото, па таа чини 90-95% од вкупната тежина на плодоносното тело. Притисокот во клетката достигнува неверојатни 7 атмосфери. Дршката на габите Phallus impudicus расте со брзина од 5мм во минута, што претставува најбрз раст во природата и може да се следи со голо око. Токму поради тоа постои народната изрека “Расте како печурка после дожд”.



Според градбата, габите се делат на нижи и виши, според големината на микро и макро, а според начинот на исхрана се хетеротрофни или автотрофни, што значи дека како луѓето и животните, конзумираат готова храна од природата.



Според обликот можат да бидат пехарести, трубасти, топчести, кончести, цветовидни, во облик на чинија или грмушка, а според бојата од неупадливи до изразито живи, односно црвени, жолти, зелени, модри, портокалови, тиркизни, бели, црни но може да се појават и во многу нијанси и комбинации. Мирисите се различни, мирис на лук, брашно, овошје, риба, морков, бадем, до смрдеа слична на мрша. Според вкусот некои се лути, горчливи, благи, а ги има и со многу пријатен вкус.



Во однос на човекот, габите може да бидат безусловно хранливи (може да се конзумираат свежи), условно хранливи (се користат само зготвени – термички обработени), непогодни за исхрана (поради вкусот и конзистенцијата), условно отровни (ако се конзумираат со алкохол), безусловно отровни и лековити.



Продолжува...

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER