Скоро никој правилно не ги чисти контактните леќи | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ОФТАЛМОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Скоро никој правилно не ги чисти контактните леќи

Луѓето кои носат контактни леќи велат дека секогаш добро се грижат за нивната хигиена и чистота. Но, последните истражувања покажаа дека скоро никој тоа не го прави на правилниот начин.







Др. Двајт Каванан, клинички професор по офталмологија во Југозападниот Медицински Центар, кој ги надгледувал пациентите кои носат контакти леќи, изјавил дека резултатите од неговите анализи се разочарувачки.



Во истражување спроведено на 400 испитаници кои редовно носат контактни леќи, Др. Двајт открил дека само 2% од испитаниците вршат правилно чистење и одржување на хигиената на контактните леќи. Меѓу најлошите ‘’гревови’’ што ги правеле испитаниците во однос на контактите леќи, е капењето, пливањето и спиењето додека се носат, но и предолгото користење.



Испитаниците, исто така, пријавиле и неправилно користење на течноста за контактни леќи, со тоа што наместо да користат секогаш свежа течност, тие ги чистеле леќите со старата застоена течност од контејнерот каде што се чуваат кога не се носат. 47% од луѓето никогаш не го имале сменето контејнерот за леќи, или го менувале еднаш годишно, кога на рутински преглед, офталмологот ќе им дадел бесплатен примерок.



Во една друга студија пак, откриено е дека луѓето што носат контактни леќи, наместо специјалната течност за чистење и чување, користеле пиво, бебешко масло, кока-кола, лимонада, овошен сок и путер. Оваа студија била спроведена во Август 2011 година, во Велика Британија од страна на Бауш и Ломб, позната компанија за производство на течност за контактни леќи.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER