Сокот од брусница – брзо се бори со уринарната инфекција | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

НЕФРОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Сокот од брусница – брзо се бори со уринарната инфекција

Научниците потврдија дека само после 8 часа сокот од брусница ефикасно ја превенира бактеријата да не премине во инфекција на уринарниот тракт.



Претходните студии докажаа дека активните компоненти во сокот од брусница не се уништуват од страна на дигестивниот систем, туку тие се борат против бактериите вклучувајќи ја и E.coli.



Ова истражување е потврдено со култура на урина кај луѓе пред и после пиењето на сокот од брусница.



Како делува сокот врз инфекцијата?



Мешавината од сок од брусница, вода и засладувачи е најчестата комбинација на овие сокови, и таа комбинација била користена за тестот. Сокот делува така што метаболитите на брусницата го превенираат сврзувањето на E.coli со други бактерии и со тоа го оневозможуваат нејзиното растење и размножување. Ако бактеријата е способна да се сврзе со други бактерии во уринарниот тракт формира слој од “биофилм” кој е еден вид подлога за размножување.



Ова откритие е од голема важност сметајќи го фактот дека голем број на луѓе особено жените имаат проблем со уринарните инфекции. Според статистиките една од три жени има уринарна инфекција.



Исто така се напоменува дека уринарната инфекција не треба да се лечи на своја рака т.е треба да се консултира доктор, но пиењето на сок од брусница секако ќе допринесе лекувањето да биде побрзо и поефикасно.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER