Сокот од домат може да го превенира ракот на дојка | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

ЗДРАВА ИСХРАНА

Сокот од домат може да го превенира ракот на дојка

 

Студијата спроведена на Универзитетот Рутгерс во Њу Џерси покажа дека доматите потенцијално можат да го превенираат ракот на дојка.

 

 

Во студијата биле опфатени 70 жени над 55 годишна возраст при што им биле мерени хормонските нивоа пред и по зголемувањето на внесот на домати во период од десет недели.

 

Сите жени кои што биле вклучени во студијата имале повисок ризик за појава на рак на дојка поради зголемената тежина или блиското сродство со некоја личност која што била дијагностицирана со болеста.

 

Внесот на ликопен – хемикалија на доматот која што му ја дава црвената боја бил зголемен, со што последично се зголемило и нивото на хормонот адипонектин за девет проценти. За ликопенот се смета дека помага во превенцијата на ракот на простата.

 

Експертите советуваат дека чаша сок од домати во текот на денот содржи соодветна количина ликопен која што помага во превенцијата на ракот на дојка.

 

Резултатите биле уште позначајни кај послабите жени со што се подвлекува потребата за борба со вишокот килограми.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER