Со алтернативна медицина против хемороиди | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНА

                           
                           
                           
                       

Со алтернативна медицина против хемороиди

 

Хемороидите за жал се многу распространета состојба меѓу луѓето. Но, уште повеќе  е проблем што истите се табу тема. Луѓето се срамат отворено да признаат за проблемот и да пробаат да побараат ефикасно решение, односно отворено да разговараат со нивниот лекар или со специјалист.

 

Хемороидите имаат различна етиологија на настанување, а за нивна превенција е потребно редовно пиење на течности, течна храна и хигиена. Луѓето често бараат решение против хемороиди од алтернативната медицина, па затоа ние денеска ви представуваме неколку решенија на природна база кои можат да ви помогнат во борбата со хемороидите.

 

Чајот од камилица и топлата купка се одлично решение против хемороиди. Направете топла купка, некаде околу 35 степени, чајот од камилица можете да го додадете во купката и да останете да седите во неа 15-20 минути. Исто така со чај од камилица можете да ги мачкате хемороидите, ставајќи малку чај на стерилна газа.

 

Постои и друг ефикасен природен начин, а тоа е да помешате крема од невен и мед во еднакви количини, а смесата да ја нанесете директно врз хемороидите, по нанесувањето оставете смесата да делува.

 

Хемороидите се чест проблем кај чуѓето, а како причини се наведуваат модерниот начин на живот, многу седење, слаба физичка активност и брза храна. Во иднина потрудете се колку што можете овие појави да ги превенирате, а ако веќе имате проблем со хемороиди, тогаш пробајте едно од нашите решенија, веруваме дека ќе има резултати.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER