Со селен против песок во бубрезите | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

НЕФРОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Со селен против песок во бубрезите

 

Кога велиме селен не мислиме на оној селен кој вие го знаете како минерал, туку мислиме на билката селен (Levisticum officinale, Apiaceae). Oва е зелјесто растение, по потекло е од Персија, а го има низ цела Европа. Кај нас најчесто може да се забележи низ дворовите на куќите како миризливо растение.

За лекување се користи скоро целото растение, од корен па до лист, плод и стебло. Најважна состојка на селенот е етеричното масло. Него го има буквално во целото растение но сепак најзастапено е во коренот. Ако се анализира  ова растение, особено коренот, селенот содржи неверојатно многу елементи кои се важни за организамот, но се особено корисни при лекување на уринарни заболувања.

 

Според некои германски научници, селенот е ефикасно растение за лекување на каменчињата односно песокот во бубрезитебидејќи селенот е одличен диуретик. Тој е составен дел на многу чаеви. Бидејќи е моќен диуретик, селенот потикнува често и обилно уринарење што спречува уринарни инфекции поради тоа што бактериите немаат можност да се припојат за ѕидовите на уринарниот тракт и да предизвикаат инфекции.

 

Селенот кај најголем процент од луѓето е безбеден за употреба, но научниците велат дека преосетливите луѓе треба да внимаваат бидејќи селенот често може да предизвика и алергиски реакции.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER