Старечка наглувост | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Старечка наглувост

Старечката наглувост е физиолошка, прогресивна и иреверзибилна наглувост од перцептивен тип која симетрично ги зафаќа двете уши. Физиолошкото стареење на органот на слух почнува релативно многу рано, уште во четвртата деценија од животот. Меѓутоа не може да се збори за чисто физиолошко стареење на органот за слух, зошто на него во текот на животот му влијаат многубројни фактори кои предизвикуваат слабеење на слухот (бучава, заболување на кардиваскуларниот систем, исхрана, ототоксични средства, повреди итн...).



Промените кои предизвикуваат слабеење на слухот се јавуваат на сите делови од слушниот апарат – средното уво, внатрешното уво, слушниот нерв, мозочните јадра, мозочните центри). Ушното тапанче ја губи својата еластичност и сјај, слушните ковчиња стануваат анкилотични (неподвижни), на крвните садови се одигруваат дегенеративни промени како и на базиларната мембрана.



Во случаевите каде дегенеративните промени се јако изразени во мозочните центри, покрај релативниот добар тонски аудиограм постои и нагласено пореметување на препознавање на говорот.



Губитокот на слухот е постепен, неприметен и е пратен со зуење во ушите кое со прогресијата на слабеењето на слухот станува послабо. Вртоглавицата е ретко присутен симптом, и е предизвикана од одредена положба на главата или телото.



За да се разликува старачката наглувост, од другите перцептивни оштетувања на слухот, треба да постојат следниве елементи: старост на пациентот (преку 55 години), негативна анамнеза во врска со други можни оштетувања на слухот, негативен отоскопски наод и перцептивно симетрично оштетување на слухот.



Лекувањето на оваа болест не дава резултати зошто не е разјаснето ни прашањето за стареење на нервното ткиво. Основна тенденција во лечењето е да подобри циркулацијата во централниот нервен систем и да се намали развивањето на атеросклеротичните промени. Во таа цел на болните им се даваат вазодилататорни средства кои предизвикуваат дилатација на церебеларните крвни садови.



Од витамините се ординираат витамин А, витамините од Б групата и Е витаминот. Може да се проба со рехабилитација на слухот со слушни апаратчиња, ама кај запуштените случаи се исклучува успехот, зошто не е оштетена само перцепцијата туку и анализата и синтезата во кората на големиот мозок.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER