Статините го кочат развојот на карциномот | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ОНКОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Статините го кочат развојот на карциномот

 

Статините се лекови кои ги земаат луѓе кои патат од хиперлипидемија, односно зголемени масти во крвта. Но она што е интересно е новото истражување кое вели дека статините го кочат и ширењето на карциномот.

Не е познато дали статините влијаат превентивно од појава на карцином или не, но едно е сигурно, статините имаат влијание во ширењето на карциномот. Најновата студија била направена на нешто помалку од 20 000 испитаници кои биле заболени од некој тип на карцином и сите имале над 40 години. Овие испитаници претходно веќе биле на терапија со статини, за разлика од другата група на испитаници кои исто така имале карцином но не земале статини како терапија.

 

Истражувањето дошло до заклучок дека луѓето кои земале статини имаат за 15 % помал ризик од ширење на карциномот и смрт предизвикана од истиот, за разлика од луѓето кои не користеле статини. Научниците велат дека причината за тоа најверојатно е фактот дека статините го неутрализираат холестеролот, а клетките на ракот како и секоја друга клетка  го користат како основен градбен елемент за својата клеточна мембрана.

 

Интересен е фактот што статините секаде делувале исто т.е без разлика за каков вид на карцином се работи.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER