Стресот може да предизвика долготрајни промени во мозокот | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ПСИХИЈАТРИЈА

                           
                           
                           
                       

Стресот може да предизвика долготрајни промени во мозокот

 

Луѓето со хроничен стрес имаат голем ризик од настанување на промени во мозокот кои што може да резултираат со промени во расположението подоцна во животот.

 

 

Овој заклучок ни го носи новата студија од Универзитетот во Калифорнија, Беркли, каде што истражувачите направиле серија експерименти на глувци.

 

Пронајдено е дека хроничниот стрес произведува повеќе клетки кои што произведуваат миелин и го намалува на бројот на неврони во хипокампусот. Како резултат, се добива поголема бела материја во мозокот која што го нарушува балансот на комуникација во мозокот.

 

Тоа може да резултира во поцврста врска помеѓу хипокампусот и амигдалата, со што се предизвикува зголемување на нормалниот “бори се или бегај“ одговор и намалување на можностите за модерација на ситуацијата.

 

Главниот истражувач, Даниела Кауфер вели дека ова истражување би можело да го постави патот кон разрешување на состојбите на анксиозност.

 

Студијата спроведена на Универзитетот во Гетеборг минатата година пронајде дека големото ниво на стрес во средните години може да предизвика Алцхајмерова болест кај жените.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER