Типови на инсулин | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ЕНДОКРИНОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Типови на инсулин

Автор:

Д-р Елена Јовановска

Специјализант по Анестезиологија, Реанимација и Интензивно лекување




Доколку имате тип 2 на дијабетес, Вашиот панкреас сеуште продуцира инсулин. Со тек на времето може да се продуцира помала количина од овој хормон. Ова води кон потреба од дополнување на инсулин со помош на инсулински инјекции за контрола на концентрацијата на глукозата во крвта. Инсулинските инјекции може да се додадат во континуитет со инсулинските лекови.



Поради фактот што инсулинот може да ја подобри искористливоста и контролата на глукозата во крвта, тој секогаш води кон подобар квалитет на живот и превенција од одредени компликации и негативни последици од дијабетот.



Инсулинот се дели во категории кои се базираат на:




  • Брзината на почетокот на делувањето
  • Кога го постигнуваат пикот (врвот) на акцијата
  • Колку долго остануваат во Вашиот организам




Типови на инсулин Имиња на инсулинот Брзина на почеток на дејство Пик на акција Траење на дејството
Рапидно дејство Хумалог/Лиспро



Новолог/Аспарт
5-15минути 30-90минути 3-5 часа
Кратко дејство Регуларно 30-60минути 2-4часа 6-8часа
Средно дејство НПХ 1-2часа 6-10часа 10-16часа
Долготрајно десјтво Лантус/Гларгин



Левемир/Детемир
1-2 часа Нема врв на акција 24-36часа







Исто така постојат и комбинации на инсулински мешавини како на пример:









  • 75/25микс - 75% НПХ (интермедиерно дејство) и 25% Лиспро (рапидно дејство)
  • 70/30 микс – 70% НПХ и 30% Регулар (кратко дејство)
  • 50/50 миск – 50% НПХ и 50 Регуларен





Секоја индивидуа реагира различно на инсулинот. Вашиот доктор ќе го одреди најсоодветниот тип на инсулин кој би бил најдобар за Вас.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER