Топ 6 алкални храни | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

ЗДРАВА ИСХРАНА

Топ 6 алкални храни

 

Типичната храна која што секојдневно ја консумираме содржи примарно обработени шеќери, вештачки засладувачи, рафинирани житни производи, месо и млечни производи произведени на конвенционален начин и скриени генетски модификувани организми (ГМО). Сето ова, комбинирано со другите фактори како што се недостатокот на одмор, психолошкиот стрес и лекарствата не треба да не изненадува што се повеќе и повеќе луѓе се дијагностицираат со хронични дегенератирвни болести или смртоносни болести за кои што модерната медицина нема лек.

 

Еден од основните проблеми е недоволното знаење на просечниот потрошувач дека телото мора да го одржи балансот на ПХ вредноста на крвта на алкално ниво од 7.365 со цел да преживее. Кога телото ќе прими храна, дигестивниот и метаболниот процес ја трансформира истата во ацидична (кисела) или алкална (базна). Модерната биохемија објаснува дека киселоста или базноста на храната не произлегува од тоа дали храната сама по себе е ацидична или алкална, туку од неорганската материја како што е калциумот, магнезиумот, солта, сулфурот, фосфорот, натриумот и начинот како тие се разложуваат во телото.

 

Поради тоа што секоја храна содржи и алкални и ацидни елементи, балансот се постигнува или се руши како директен резултат на храната која што одбираме да ја консумираме. Премногу ацидозната храна може да има многу последици по нашето здравје при што, на пример, киселоста е главната дијагноза кај дијабетесот.

 

Ова се случува поради тоа што нутриентите кои што се потребни за одржување на алкалната состојба не можат да се обезбедат преку храната, туку телото се обидува да ги извлече преку сопствените депозити како што се коските или другите витални ткива со што директно се намалува можноста за самоисцелување на телото и детоксификација на тешките метали со што како директна последица се јавува зголемена ранливост кон појава на замор и болести. Уште повеќе, маргината за грешка е многу мала. Дури и ПХ вредност која што е 6.9 може да доведе до кома и смрт.

 

Се разбира, ултимативната цел е балансот. За таа цел, ви ги претставуваме шесте најмногу алкални храни кои што можат да се комбинираат во секојдневните оброци:

 

  1. Коренест зеленчук

Коренестиот зеленчук е најбогат со минерали во споредба со сите други видови зеленчуци. Консумирајте ротквици (бели или црвени), цвекло, морков, репка и рен. Можете да ги консумирате сирови, во облик на сок или пак подготвени на пареа.

 

  1. Мешункаст зеленчук

Одберете брокола, зелка, карфиол и ним сличните. Можете да ги комбинирате со различни сосови.

 

  1. Лиснат зеленчук

Кељот, блитвата, репката и спанаќот се најпознати од оваа категорија. Слободно може да се каже дека спанаќот е можеби и најдобриот избор. Богат е со витамин К и фолна киселина, други минерали, витамини, фитохемикалии, антиоксиданси и влакна што помагаат во варењето и го подобруваат видот.

 

  1. Лук

Лукот се наоѓа на врвот на здравата храна. Покрај останатите придобивки, го подобрува кардиоваскуларниот и имуниот систем, го намалува крвниот притисок, го чисти црниот дроб и се бори против болестите.

 

  1. Црвена пиперка

Содржи ензими кои што се есенцијални за правилно функционирање на ендокриниот систем. Исто така спаѓа во храна која што е најмногу алкална. Позната е по своите антибактериски својства и богата е со витамин А. Се бори против слободните радикали кои што доведуваат до стрес и болести.

 

  1. Лимон

Лимонот е убедливо најалкалната храна. Покрај природен дезифициенс, може да лекува рани и да ослободи од тегобите на хиперацидитет, кашлица, настинка и грип. Ја подобрува работата на црниот дроб и го детоксифицира организмот.

 

Консумирајте зеленчук и зачувајте го Вашето здравје!

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER