Уживатели на кафе – прочитајте го ова! | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ТОКСИКОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Уживатели на кафе – прочитајте го ова!

Ако ви е потребна таа доза на кафе наутро за да се активирате, тогаш спаѓате помеѓу 54% од Македонците кои денот го почнуваат со кафе. Можеби газираниот пијалок е ваш избор, или пак шолја чај или енергетски пијалок. Како и да е сите тие содржат кофеин, таа чудесна дрога која ве држи будни и ви дава енергија. Но премногу кофеин може да предизвика значителни несакани ефекти, почнувајќи од несоница па до интоксицираност или смрт.











Неуморност, ансиозност и иритабилност



Пиењето премногу кафе може да ве направи неуморни, иритабилни и анксиозни. За повеќето луѓе 100-300 милиграми кофеин на ден – или една до две шолји кафе – не е штетно. Всушност, ако сте направиле толеранција на кофеин, може да не ги почувствувате истите симптоми дури и ако сте ја земале вообичаената доза. Прочистувањето на организмот од кофеинот трае 12-24 часа.



Несоница



Премногу кофеин може да го наруши сонот. Може да ве спречи да заспиете, или да не спиете доволно длабоко за да се чувствувате одморени кога ќе се разбудите. Кофеинот има максимална концентрација во организмот еден час откако ќе биде внесен и останува активен до 4 часа. Можете да западнете во циклус на лошо спиење, потреба од кафе да се остане алармиран а потоа уште полош сон и неправилно спиење. За да не се случува ова, избегнувајте го кафето 8 часа пред да си легнете.



Хронична секојдневна главоболка



Зависноста од кофеин е често виновникот за главоболката, особено секојдневната хронична главоболка. Иако се смета за безбедно, 100мг кофеин понекогаш и се доволни да го започнат циклусот. Апчињата против болка кои содржат кофеин може да ги влошат симптомите. Дури и да не пиете редовно кофеинизирани пијалоци а редовно земате таблетки против болка што содржат кофеин може да го започнете циклусот на хронична главоболка.



Дехидрација



Кофеинот може да има диуретичен ефект. Мали количини не се сметаат за опасни, но големи количини 500-600 мг на ден можат да ги стимулираат бубрезите, да се зголеми колучеството на излачена урина и тоа да доведе до дехидрација. Некои енергетски пијалоци содржат 200-300 мг во една лименка, правејќи го уште полесно земањето на големи количини на кофеин, особено кога се меша со алкохол.



Токсичност



Кофеинот е токсичен во високи дози, а предозирањето може да ве убие. Со лесно достапните енергетски пијалоци и алкохол, ургетните центри лесно се полнат како резултат на кофеинската интоксицираност. Симптоми на интоксицираност се: наузеа, повраќање, несоница, анксиозност, неуморност, тремор, главоболка, делириум, палпитации па дури и епилептични напади.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER