Ултразвучни техники во регионалната анестезија | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Ултразвучни техники во регионалната анестезија

Автор:

Д-р Елена Јовановска

-специјализант по Анестезија, Реанимација, и Интензивно лекување-



Вовед - Општи приниципи



Употребата на ултразвукот за регионална анестезија е релативно нова метода, но интересот за оваа апликација расте рапидно. Ултразвучно водените нервни блокови биле за првпат опишани во раните 1978 години, но не се користеле се додека напреднатите ултразвучни техники во 90-те години не биле развиени и не пораснал интересот во ова поле. Објавените истражувања за ултразвучно водената регионална анестезија главно се фокусирале на брахијалната плексус блокада во интерскалената, супраклавикуларната, инфраклавикуларната и аксиларната регија.



Неодамнешните студии ја испитувале ефикасноста за ултразвучното водење на феморалниот, скијатусниот и псоас компартментот, целијачниот плексус и стелатниот ганглион, т.е. овие блокови се ветувачки, додека ултразвучната визуелизација на епидуралниот простор може да ја фацилитира невроаксијалната блокада кај децата, возрасните лица и партиципиентите.








Конвенционалните периферни нервни блок техники кои се изведуваат без или со визуелен водич се високо зависни од површните анатомски маркирања за локализацијата на таргетираниот нерв. Па според тоа не е изненадувачки што регионалните анестетички техники се асоцирани со пријавен процент до 20% веројатност поради неправилна игла и / или неправилна поставеност на локалниот анестетик.



Повеќе пробни и грешни обиди за да се лоцира нервот можат да доведат до оперативна фрустрација, болка кај пациентот и одземање на време со самата техника во однос на операцијата, особено кај пациенти со тешки анатомска локацијата на нервот.








Имиџинг методите како МРИ и КТ-скенот можат успешно да ги лоцираат нервните структури. Но, ултразвукот е мошне практична имиџинг алатка за регионална анестезија бидејќи е портабилен, лесен за обука, релативно ефтин и не го изложува пациентот и лекарот кој ракува со него на ризик од радијација. Ултразвукот овозможува соодветна слика како водич за време на процедурата на изведување на нервната блокада.



Корист од ултразвукот



1. Ја открива нервната локација и околните васкуларни, мускулни, коскени и висцерални структури.



2. Овозможува увид во исто време во текот на водењето на иглата, овозможува целисходно движење на иглата и соодветни прилагодувања во насока и длабочина.



3. Дава слика на ширењето на локалниот анестетик за време на инјекцијата.



4. Го подобрува квалитетот на сензорниот блок и стапката на успех во споредба со нервите стимулаторни техники (како што е прикажано во некои клинички студии).



5. Го намалува бројот обидите за боцкање со цел локализација на нервот.



6. Ја разликува екстраваскуларната инекција од ненамерното интраинјектирање на интраваскуларна инјекција.



7. Ја разликува екстраневралната инекција од ненамерно интраневрална инјекција.





Контраиндикации за периферните нервни стимулаторни техники




1. Периферната нервна стимулација (ПНС) со водич е корисна само кога моторниот одговор е нужен.



2. НС овозможува објективен но индиректен доказ за нервната локација.



3. Доказот за соодветното пласирање на иглата (моторен одговор) исчезнува после инјектирање од 1-2 мл на локалниот анестетик.



4. Моторниот одоговор кој се постигнува за < 0,5mA не гарантира успешен или комплетен блок.



5. ПНС не превенира интраваскуларно, интраневрално или плеврално пунктирање.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER