Хероин – врв на наркоманската трагедија | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ТОКСИКОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Хероин – врв на наркоманската трагедија

Автор:

Научен сор.

Д-р. сци Нико Беќаровски

Специјалист по Интерна медицина – клинички токсиколог

Клиника за токсикологија





Хероинот, заедно со опиумот, морфинот, кодеинот и метадонот е дел од групата на опијати. Се конзумира во сите облици, со шмркање, пушење и инјектирање. Тој е една од најопасните, високо зависни дроги и претставува синоним за вистинска зависност. Хероинот е кристален прашок, најчесто со бела боја или боја на слонова коска, а поретко темно сива или црвена.






Дејство



Хероинот создава почетна еуфорија, по која следи период на смирување, поспаност и зависност од морфински тип. Најчесто се внесува интравенски, но и поткожно. На пазарот се добива во разни концентрации, често разреден со шеќер, лимонтус, а понекогаш и со гипс и цемент, со што дополнително се зголемува ризикот од неговата примена. Секоја негова употреба може да се спореди со “руски рулет“.



Последици



Хероинот предизвикува брза зависност, проследена со бројни телесни и физички промени, додека апстиненцијалниот синдром и одвикнувањето е макотрпно. Често е поврзан со сериозни здравствени компликации – смртоносно предозирање (годишно во Македонија 15-20 зависници умираат од предозирање со хероин), спонтани абортуси, разни инфективни болести (ХИВ, Хепатитис Б и Ц), болести на срцевите залистоци и слично.



Со оглед на фактот дека дрогата скоро никогаш не е чиста, во крвните садови настануваат згрутчувања со појава на тромби, кои може да предизвикаат инфаркти во белите дробови, црниот дроб, бубрезите и мозокот. Хероинската толеранција се развива многу брзо, поради што на зависникот му е неопходна се поголема количина за да се постигне еуфоричното расположение, а кога истата не му се доставува на организмот се јавуваат немир, болки во мускулите и коските, несоница, проливи и нагли движења со нозете и рацете. Овие симптоми, зависно од степенот на зависност се јавуваат 48-72 часа по последната внесена доза.



Надворешни знаци



Надворешните знаци се карактеризираат со изразено тесни зеници, поспаност, тивок глас, послаба осетливост на болка, општа успореност, губиток на апетит и телесна тежина и траги од убоди во вените (најчесто во пределот на лактите, но и по шаките, нозете, препоните, итн).



На што треба да се обрне внимание



Обрнете внимание на пластични вреќички, алуминиумски фолии со жолтеникав, сивкаст прав, прибор со цевчиња (за шмркање), инјекции, шприцеви, игли, ленти за врзување на рацете, убоди по телото, воспалени и насолзени очи со тесни зеници, исрпеност, поспаност, промени во однесувањето.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER