Хируршка интервенција и дијабетес | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

АНЕСТЕЗИОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Хируршка интервенција и дијабетес

Кај пациентите кај кој е дијагностициран дијабетес, спроведувањето на хируршката интервенција во општа анестезија бара специфичен пристап.



Пред хируршката интервенција, важно е да се прегледа не само состојбата на гликорегулацијата, ацидобазниот статус и нивото на електролитите, туку и да се евалуираат параметрите за присуство на хронични компликации како што се особено дијабетичната нефропатија, исхемичната болест на срцето, ретинопатијата и автономната неуропатија.




Кога е во прашање нивото на гликемијата, хируршката интервенција задолжително треба да се одложи само кога ќе се утврди изразена хипергликемија и/или кетоза.



Во текот на хируршката интервенција се применува, по правило, интравенска инфузија со гликоза-инсулин-калиум (ГИК) за која е покажано дека обезбедува стабилност на гликорегулацијата и дава адекватна флексибилност на терапијата со спречување на хипер и хипогликемија.



ГИК инфузијата се применува кај сите пациенти кај кои е дијагностициран дијабетес мелитус тип 1, без оглед на типот на хируршката интервенција и кај повеќето пациенти со дијабетес мелитус тип 2, од воведувањето во анестезија до повторниот почеток на оралната исхрана после интервенцијата.



Исклучок од примената на ГИК инфузијата, може да се направи само кај пациенти со тип 2 дијабетес мелитус, кои се во состојба на оптимална гликорегулација, на немедикаментозна терапија или на терапија со орални агенси, а се планира мала хируршка интеренција (траење од 2-3 часа).



Кај овие пациенти се советува претходна употреба на кратко-дејствувачки агенси и прекин на терапијата пред интервенцијата.



Во текот на хируршката интеренција, вредностите на гликемијата се следат според посебни алгоритми.



После хируршката интервенција, после почетокот на исхраната, се советува преминување на повеќекратни поединечни дози на краткоделувачки инсулин во текот на денот, пред воспоставување на постојаната терапија.



Кај пациентите со дијабетес, во период пред хируршката интервенција треба да се превземат мерки според следните препораки:



Состојба на гликорегулација:



- Посакувани вредности: гликемија < 10mmol/L, постпрандијално < 13mmol/L, HbA1c < 9%

- Да се одложи интервенцијата: ако гликемијата е над 17mmol/L.



Состојба на доцни компликации:



- Нефропатија;



- Исхемична болест на срцето;



- Ретинопатија;



- Неуропатија (автономна).



Кај пациентите со дијабетес, во текот на хируршката интервенција треба да се преземат мерки според следниве препораки:



- Непосредно пред вовед во анестезија треба да се започне со инфузија на гликоза инсулин-калиум (ГИК): 10% гликоза + KCl (10mEq): 100ml/h + инсулин 3 E/h.

- Да се прави контрола на гликемијата на секои 30 минути со модификација на инсулинот според посебни алгоритми:



Целните вредности на гликемијата во текот на интервенцијата: 6-10mmol/L

Кај пациенти со тип 2 дијабет во состојба на задоволителна гликорегулација, кои се на немедикаментозна терапија или на терапија со орални антидијабетици во текот на мали интервенции, може наместо воведување на ГИК инфузијата само да се прекине редовната терапија.



ГИК инфузијата се продолжува се до почетокот на оралната исхрана.



Кај пациентите со дијабетес после хируршката интервенција треба да се превземат мерки според следниве препораки:



- Да се продолжи со инфузијата на инсулин и гликоза, интравенозно се до почетокот на оралниот внес на храна.



- Да се прекине интравенската инфузија на инсулин непосредно пред првиот оброк и да се започне со првата доза на краткодејствуачки инсулин, субкутано.



- Да се дадат четири поединечни дневни дози на краткодејствувачки инсулин или три поеднинечни дневни дози на краткодејствувачки инсулин и една доза на среднодејствувачки инсулин, субкутано во 22 часот, се до воспоставување на редовната терапија.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER