Хормони - Функција и влијанија | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ЕНДОКРИНОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Хормони - Функција и влијанија

Главната функција на ендокрините жлезди е секрецијата на хормони директно во крвотокот. Хормоните се хемиски супстанции кои влијаат врз функционирањето на целиот организам. Во суштина, тие се еден вид на пренесувачи на информации кои ги контролираат и координираат активностите низ целото тело.




Хормоните се неопходни за контролирање на сите органи и процеси како растот, развојот, репродукцијата и сексуалните карактеристики. Хормоните, исто така влијаат и врз начинот на кој телото ја користи и складира енергијата и врз количината и нивото на хранливи состојки во крвотокот.



Интересно е што сосема мала количина на некој хормон, може да предизвика силен одговор на одредени делови на телото. Иако постојано циркулираат во крвотокот, секој хормон има точно одредени органи и ткива врз кои ја извршува својата функција.



Хормоните и метаболизмот



Зошто доаѓа до нарушување на хормоналната рамнотежа во телото и како тоа влијае врз способноста на организмот да ја одржи здравата телесна тежина?



Ендокриниот систем реагира на се она што го внесуваме во телото, промените во организмот, како и надворешните влијанија.



Во текот на целиот ден, нашето тело е изложено на различни променливи влијанија - циклусот на денот и ноќта, изборот на храна, интензитетот на физичката активност. На сите овие влијанија, ендокриниот систем реагира преку ослободување на хормони кои помагаат да се одржи рамнотежата на бројни процеси како нивото на шеќер во крвта, потребата за сон, согорувањето на мастите, создавањето на мускулната маса итн.



Проблемите во работата на ендокриниот систем настануваат при секојдневната изложеност на организмот на штетни надворешни влијанија, како загадување на околината, пестицидите, процесираната храна богата со штетни адитиви, недостатокот на квалитетен сон. За да се компензира негативното влијание на овие фактори, ендокриниот систем почнува да лачи хормони со поинаков интензитет од нормалниот.



Додека едни хормони се лачат во поголеми количини, создавањето на други може да престане. Големите варирања на нивото на хормони во телото предизвикуваат ослабување на природните регулаторни механизми. Ендокриниот систем почнува да се однесува хаотично и престанува да реагира на очекуваниот природен начин. Може да дојде до појава на хипотиреоидизам, дијабетес или телото да стане резистентно на лептин (хормон кој ја регулира потрошувачката на енергија и апетитот). Резултатот е нарушување на нормалната телесна тежина.



Покрај варирањето на телесната тежина, нарушената работа на ендокриниот систем може да резултира и со други бројни последици по здравјето:



- промени во менструалниот циклус кај жените

- неплодност кај двата пола

- проблеми со спиењето

- нерамнотежа на метаболизмот

- проблематична кожа

- зголемена влакнатост или опаѓање на косата



Добрата вест е што луѓето можат да влијаат врз враќање на хормоналната рамнотежа во нормални граници.



Пред се е потребно од телото да се отстранат токсините кои се таложат. Затоа е потребно преку храната да се внесат сите неопходни нутриенти, со цел правилно функционирање на метаболизмот и целокупниот организам.



Автор: Кристина Дамчевска

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER