Цервикално ребро | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Цервикално ребро

Нормално постојат 12 пара на ребра. Цервикалното ребро претставува прекубројно ребро кое поаѓа од седмиот вратен прешлен.



Причина за настанување



Цервикалното ребро се наследува автосомно-доминантно.






Клиничка слика



Цервикалното ребро се наоѓа над првото ребро. Најчесто не дава никакви тегоби. Може да предизвика притисок на нервите и артериите. Доколку врши притисок на брахијалниот плексус, тогаш доведува до слабост на мускулите на шаката, до хипотрофија на тенарните мускули, што е пратено со болка и закоченост на рацете. Доколку цервикалното ребро врши притисок на артерија субклавија може да се јави чувство на ладно, и трнење во шаките и прстите, закоченост и болка во прстите и улцерации на прстите поради тешка исхемија.



Дијагноза



Се поставува врз основа на клиничката слика, клиничкиот преглед, електромиографијата, артериографијата и рентгенграфијата.



Лекување



Лекувањето е симптоматско со цел отстранување на болките (анелгетици) и јакнење на зафатените мускули (со помош на физикална терапија). Понекогаш е потребна и хируршка интервенција, особено кога постои исхемија.



За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER