Цигарите го “стареат“ мозокот | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ПСИХИЈАТРИЈА

                           
                           
                           
                       

Цигарите го “стареат“ мозокот

 

Пушењето и високиот крвен притисок кои што се познати ризик фактори за многу кардиоваскуларни заболувања имаат и дополнителен штетен ефект врз мозокот, велат експертите.

 

 

Истражувачите од Кралскиот Колеџ во Лондон ги прегледувале податоците на над 8 000 испитаници во кои биле вклучени информации за крвниот притисок, нивото на холестерол, индексот на телесна маса (БМИ) како и прашањето дали се активни пушачи.

 

Испитаниците по четири и осум години правеле когнитивни тестови, при што истражувачите забележале дека пушењето било постојано поврзано со пониска когнитивна способност кај луѓето над 50 години.

 

Исто така, и оние кои што имале висок БМИ, зголемен крвен притисок и зголемен ризик за мозочен удар добиле пониски резултати на когнитивните тестови.

 

Резултатите од истражувањето кои што се објавени во журналот Age and Ageing велат дека пушењето и другите ризик фактори за појава на кардиоваскуларни заболувања се поврзани со намалување на когнитивните способности.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER