Циклотимично расположение (трајно нестабилно расположение) | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Циклотимично расположение (трајно нестабилно расположение)

Автор:

Д-р Александар Ристески

Специјализант по Психијатрија



Циклотимија претставува перзистентно нестабилно расположение кое вклучува бројни периоди на благо депресивно расположение и периоди на хипоманија при што не се исполнети критериумите за блага депресивна епизода според MKB-10 или големата депресивна епизода според DSM-IV.

Се работи за предиспозиција на темпераментот за биполарно афективно пореметување и други пореметувања на расположението.



Епидемиологија на циклотимичното пореметување



Животната преваленца на циклотимичнотот пореметување се движи помеѓу 0,4 до 1% при што половата застапеност е подеднаква.



Жените со циклотимично пореметување почесто се јавуваат на психијатар за разлика од мажите.







Дијагноза на циклотимичното пореметување



Без подолг период на набљудување на пациентот или податоците за неговото поранешно однесување тешко е да се постави дијагнозата. Според MKB-10 и DSM-IV, симптомите на нерасположение и хипоманија, се изменуваат и мора да перзистираат најмалку 2 години и никогаш не смее да имаат психотична димензија.



За да се постави дијагнозата на блага фаза на циклотимија пациентот мора да поседува најмалку 3 од следниве 8 симптоми:



· Намалена енергија и активност

· Несоница

· Губиток на самодовербата и чувство на сопствена неадекватност

· Тешкотии во концентрацијата

· Социјално повлекување

· Губиток на интересот на задоволството во сексот и останатите пријатни активности

· Намалена разговорливост

· Пеимизам на погледот кон индината или размисување за минатото



За да се постави дијагноза на хипоманија, пациентот мора да има најмалку 3 од следниве 8 симптоми
:



· Зголемена енергија и активност

· Намалена потреба за сон

· Самопреценување

· Забрзано и невообичаено креативно размислување

· Зголемена дружељубивост

· Зголемена разговорливост или духовитост

· Зголемен интерес и вклученост во сексуалните и другите пријатни активности

· Зголемен оптимизам или преценување на сопствените постигнувања



Клиничка слика на циклотимичното пореметување




Циклотимијата обично се развива во раниот адолесцентен период и продолжува со хроничен тек, иако повремено расположението може да биде нормално и стабилно со месеци. Промените на расположението обично се независни од животните случувања.



Доколку се присутни хипоманични и депресивни симптоми тогаш тие се недоволни на број, тежина, доверба и траење за да ги задоволат критериумите за манична и депресивна епизода.



Во фазите на хипоманија (подобрување) пациентите имаат повеќе енергија, поактивни се, имаат помала потреба за сон, оптимистични се, имаат зголемено чувство на самодоверба и сопствена вредност, брзи се и кративни во размислувањето, комуникативни се и наклонети кон запознавање со други лица, интересот за разни активности им е зголемен, вклучително и сексот, наклонети се кон преценување на своите заслуги и слично.



Во фазата на нерасположение, пациентите се жалат дека лошо спијат, имаат намалена енергија, недостаток на самодоверба, отежната концентрација, а може да биде прсутно и социјално повлекување, пасивност, намалена разговорливост, песимизам и поглед кон иднината и преокупираност со минатото.



Прогноза и лекување



Со оглед на релативно благите промени во расположението при кое растојанието на хипоманија може да биде пријатна и плодносна, циклотимијата е ретко причина за посета на психијатар. Циклотимијата често се среќава кај фамилиите заболени од биполарно афективно пореметување, а кај дел од циклотимичните лица оваа состојба преминува во биполарно растројство.



Ризикот за развој на биполарно афективно пореметување се проценува на 15-50%, па оттаму многу ја сврстуваат циклотимијата како блага форма на биполарно афективно пореметување, а не како облик на пореметување на личноста – сфаќање кое порано преовладувало.



Потребата за третман на циклотимијата зависи од случај до случај. Лекувањето секако треба да се понуди доколку функционирањето на пациентот е нарушено или постои хередитет за биполарно афективно пореметување.



Препишувањето на литиум или други стабилизатори на расположението може да го отстрани депресивниот симптом, но кај 40-50% од случаите самите антидепресиви може да индуцираат хипоманија. Според некои истражувања приближно 60% од пациентите се подобруваат после примената на литиумовите соли.



Интересно е дека кај приближно 35% од пациентите после неколку години се развиваат тешки епизоди на манија, односно депресија. Психотерапијата е фокусирана на интерперсоналните релации и “self-image” корисна е дури и кај болни кои добро реагираат на психофармаколошка терапија.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER