Цисти и фистули на вратот | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Цисти и фистули на вратот

Вродените цисти и фистули на вратот претставуваат конгенитални малформации на овој предел. Според местото на настанување тие се делат на медијални и латерални.


Причини за настанување

Медијалните цисти и фистули на вратот настануваат поради пореметувања во инволуцијата на тиреоглосниот канал. Доклку остатоци или целиот канал се отворат на кожата на вратот или фаринксот, се формираат фистули. Доколку останат затворени се образуваат цисти. Латералните цисти и фистули на вратот се нарекуваат уште и брахиогени бидејќи настануваат поради пореметувања во развојот на развојните лаци. Настануваат поради генетски и токсични причини со перзистенција на ембрионалниот цервикален синус.



Клиничка слика



Медијалните цисти и фистули се манифестираат како цистични тумефакти или фистулозини отвори со секреција во медијалната линија на вратот, над или под хиоидната коска. Промената се движи при голтање. Кај постоење на фистули се гледа отвор, најчесто на предниот раб на стерноклеидномастоидниот мускул, со околно воспаление и периоди на изливање на гнојна содржина. Цистата се манифестира како овален, мазен, флуктуирачки тумефакт кој се наоѓа бочно на вратот, кој може повремено да се воспали.



Дијагноза



Се поставува врз основа на анамнезата, клиничката слика, објективниот наод.



Лекување



Медијалните цисти и фистули се лекуват хируршки, со ексцизија на каналот и ресекција на делот на хиоидната коска низ која каналот минува. Кај латералните цисти и фистули е потребна хируршка ексцизија на промената во целост.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER