Цијаноза | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Цијаноза

Дефиниција



Цијанозата представува синкаста, модра пребоеност на кожата и слузниците.



Причини за настанување



Цијанозата е последница на намалена концентрација на кислород во периферната крв, односно кога количината на редуцираниот хемоглобин (деоксихемоглобин) ќе порасне на најмалку 5гр% (5гр/дл) во капиларната крв. Најчести причинители се: срцевата инсуфициенција, белодробен емфизем, спастичен бронхитис, бронхијална астма, едем на белите дробови, престој на големи надморски височини, стеноза или обструкција на големите белодробни бронхи, метхемоглобинемија, конгенитални белодробни мани.



Клиничка слика



Ливидитетот е лесен степен на цијаноза, но доколку цијанозата е изразена само на периферијата, тоа е акроцијаноза. Цијанозата е особено изразена на слузниците и тенките, слабо пигментирани, а со капилари богати делови на кожата (нос, уши, образи, нокти). Кај посилно пигментирани индивидуи, потешко се приметува. Цијанозата може да биде централна; (на пример поради недоволна оксигенација на крвта во белите дробови) и присутна е на централните делови на телото (усни, јазик, глава, граден кош), и периферна; (забавено струење на крвта низ ткивата што го зголемува одвојувањето на кислородот од крвта), сино пребоени нокти, уши, нос или комбинација на централната и периферната – мешана цијаноза.



Терапија



Се лекува основното заболување кое е причина за цијанозата.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER