Црн, влакнест јазик | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Црн, влакнест јазик

Црниот, влакнест јазик е привремена, безопасна (бенигна), безболна орална состојба, која му дава на јазикот црн и влакнест изглед. Најчесто е резултат на прекумерен раст на бактерии во устата.







Иако црниот, влакнест јазик може да изгледа алармантно, тој не предизвикува никакви здравствени проблеми. Тој обично се решава без медицински третман.



Симптоми



Знаците и симптомите на црниот, влакнест јазик вклучуваат:



- црна, жолта или кафена дисколорација на јазикот

- влакнест изглед на јазикот

- метален вкус во устата

- лош здив (халитоза)

- нагон за повраќање (кај некои луѓе)



Причини



Црниот, влакнест јазик обично е резултат на издолжување на јазичните папили. Всушност, тие го даваат карактеристичниот влакнест изглед. Остатоци од храна, бактерии или други организми може да е насоберат во папилите и да резултира со дисколорација на јазикот.



Причината за оваа состојба не секогаш може да се утврди, но некои од потенцијалните причини се:



- промени во нормалната бактериска микрофлора поради употреба на антибиотици

- лоша орална хигиена

- дишење преку уста

- лекови кои содржат бизмут

- редовна употреба на средства за чистење на уста кои содржат оксидирачки агенси (пероксид)

- страстни пушачи



Лекување



Црниот, влакнест јазик обично не бара медицински третман. Потребно е само да се практикува правилна и редовна орална хигиена, да се отстранат факторите кои придонесуваат за негова појава, како што се цигарите и другите агенси.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER