Чистење на дебелото црево - начин за елиминирање на токсините од телото? | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ГАСТРОЕНТЕРОХЕПАТОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Чистење на дебелото црево - начин за елиминирање на токсините од телото?

Иако докторите го препишуваат чистењето на дебелото црево (колонот) како подготовка за медицинските процедури како што е колоноскопијата, повеќето од нив не го препорачуваат чистењето на колонот како начин за детоксификација на телото.






Причините се едноставни: Дигестивниот систем и цревата по природен пат ги елиминираат отпадниот материјал и бактериите и според тоа, на вашето тело не му треба чистење на дебелото црево за таа работа.



Поддржувачите на чистењето на колонот, од друга страна, веруваат дека токсините од гастроинтестиналниот тракт можат да доведат до појава на различни здравствени проблеми како што се артритис, алергии и астма.



Веруваат дека чистењето на дебелото црево го подобрува здравјето со тоа што ги отстранува токсините, ги зголемува “добрите“ интестинални бактерии, ја зголемува енергијата и го подобрува имуниот систем. Сепак, постојат многу малку докази кои што ќе ги поткрепат горните тврдења.



Всушност, чистењето на дебелото црево понекогаш може да биде и опасно. Чистењето на колонот може да предизвика нус ефекти како што се грчеви, подуеност, гадење, мачнина и повраќање. Уште повеќе, чистењето на дебелото црево може:



- Да го зголеми ризикот за дехидрација

- Да доведе до перфорација на цревата

- Да го зголеми ризикот за инфекции

- Да предизвика промени во електролитите, состојба која што е опасна ако имате проблеми со бубрезите или други здравствени проблеми



Ако сепак се одлучите да направите чистење на колонот, следете ги следните предупредувања:



- Консултирајте се со вашиот доктор, особено ако земате било какви лекарства или имате какви и да било здравствени проблеми



- Осигурајте се дека се користи опрема за еднократна употреба која што претходно не била употребувана



- Запознајте се со содржината и количината на хербалните состојки кои што се содржат во производите за чистење на колонот - некои хербални суплементи можат да предизвикаат здравствени проблеми



- Пијте доволно течности со цел да ја превенирате дехидратацијата

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER